АктуелноЛокално

Железничкиот превоз повторно во застој

Од денес железничкиот сообраќај во Македонија е повторно во прекин, Претседателот на Синдикатот на машински персонал, Душко Чакаровски, изјави дека тие немаат намера да се качат во локомотивите се додека не си го добијат вториот дел од октомвриската плата.

„Ние сме на своите работни места, но без плата не возиме. Речиси секој месец за да си ја добиеме платата водиме битки. И раководството, и во Министретсвото за транспорт знаат дека ако не ни се исплати плата до 25-ти во месецот за претходниот месец, ние наредниот ден застануваме со работа. И покрај тоа, плата не добивме до наведениот рок. Од утрово не возат возовите, а никој од надлежните ништо не кажува. Всушност, ние и не бараме средба, затоа што работата е јасна, бараме плата, штом ќе ја добиеме, продолжуваме со работа“. – Изјави Чакаровски за Слободен печат.

Според информациите кои можат да се добијат од синдикалните работници, веќе четири дена не се врши ниту контрола на возови која е задолжителната после секое патување. Машиновозачите на возовите биле принудени ова да го прават на своја рака.

За ова ситуација не е виновно само доцнењето плата, туку и уловите во кои работат работниците. Тие кажаа дека немаат никакво греење во просториите каде што се извршуваат контролорите на возови.