Нашата бригада и братството со албанскиот народ

После толку усилија и жертви, Н.О. [народноослободителната] војна на народите на Југославија се претвори во Н.О. војна на сите балкански народи против фашистичкиот империјализам. Самиот тој факт – заедничката борба против окупаторот и неговите слуги – ги скрши сите пречки кои стоеја на патот на соединуењето на балканските народи, створи здрави условија за борбено единство и братство и со тоа тесно ја поврза судбината на поробените народи на Балканот.

От колку, пак, големо значение, не само за иднината на нашиот народ ами и от гледна точка на интересите на Балканските народи е развивањето на партизанското движение во Македонија, најнедвосмислено се гледа од думите на Маршал Тито. Нашиот Врховен Командант има речено да развивањето на Н.О. борба во Македонија тесно е поврзано со Н.О. борба во Албаниа и Грција, а служи како подршка за развивањето на борбата во Бугарија.

Нашата Бригада, пак родена и дејствуејки на овој терен, кој е граничен со Албанија и каде што живејат голем процент Албанци; нашата Прва Бригада, која во својите редови има и синој на шиптарскиот народ, требе да биде таја челична тупаница која ке е сруши старата шовинистичка омраза и која ќе изгради, преку и низ заедничката борба, цврсто единство меѓу албанскиот и македонскиот народ. Тоа братство требе да служи како јатка за изградуење на братството меѓу албанскиот и сите југословенски народи, а и како база за братството на балканските народи.

Нашата Бригада изникна од Кичевско-дебарскиот батаљон. Лани, тиа наши борци, рамо до рамо со најарните синој на албанскиот народ, кршејки ја вековната национална и верска омраза, ги удрија првите темели на вистинското братство меѓу нашите два народи. Во слободното Кичево, покрај славното знаме на Крушевската Република, цели 23 дена гордо се вејеше знамето на Скендербег. Народот, осетуејки да се ништат ропските прегради који до вчера праеја разлика меѓу Македонец и Албанец, меѓу рисјанин и муслиман, беше зафатен от едно неисказано воодушевление. При влегањето на нашите снаги в град, целиот народ беше излезен на 5 километри пред Кичево и фрлајки цвекиња и пеејки борбени македонски и албански песни, ги дочека нашите борци. Тие историјски моменти ќе останат за секогаш длабоко врезани во срцата на сите чесни Македонци и Албанци.

Репресалии на балисти во село Сливово, Македонија, 1943

Пред снагата на тоа борбено единство и братство се уништиа сите предрасуди, влевани от окупаторот, да Албанец и Македонец неможат да живејат заедно. И – како најдрагоцен плод от тија дни беше Дебарскиот Македонско-шиптарски младински батаљон, кој во борбите за ослободуење на својата родна земја даде толку жертви, толку примери на безмерна храброс и пожртвованос.

Но, големоалбанската реакција, служејки му верно на фашистичкиот окупатор, не можеше никако да гледа како се рушит сите нејзини поробителни планој. И – кога преку најбесчесната пропаганда не успеј да створи раздор меѓу албанската и македонската маса, тогај таја реакција потпомогната и терана от германските окупатори, поведе оражана борба против нас, против најчесните албански и македонски синој.

Настанаја љутите борби за Кичево и кај Кленовец, дојде до жестоката борба на Буковик. Старите злочинци и окупаторски кучки – Џемо и Мефаил – ја започнаја својата кучечка работа. Дојде бесчестењето и убивањето, пљачкањето и палењето. Но сите тие незапамтени дивљаштва и зверства не можеја да го разрушат братството. Тогај, покрај мртвите тела на партизаните Македонци лежеја и телата на партизаните Албанци, славно загинати от истиот непријателски фашистички куршум. Во борбата на Буковик покрај другите жртви ние изгубифме еден драгоцен човек. Тоа беше Томо Шумски, син на албанскиот народ, командант на македонско-шиптарскиот кичевски батаљон, страф и трепет за сета албанска реакција, најомилениот и најпопуларниот наш борец. Во тие борби непријателот не само што не успеј да го растури братството, ами напротив, заеднички пролеаната крв против заедничкиот наш непријател уште појке го зацврсна и го продлбочи нашето братство. Многу другари Албанци и Македонци кои учествуваја лани во тија борби, а који се сега борци во нашата бригада, знајат да и во тиа тешки моменти кога ги гледафме обесчестени нашите жени и сестри, кога ги гледавме поплачканите и попалените села, кога ги гледафме трупојте на нашите другари, по неколку дена стоеја незакопани, затоа што немаше кој да ги закопа, кога го гледафме се тоа – во срцата на сите нас се створи една чврста решеност да требе уште повеќе да го појачаме братството меѓу нашиот и чесниот албански народ и да требе заеднички да е продолжиме борбата до крај против германскиот окупатор, кој е главен непријател и сите негови слуги.

Големоалбанската реакција, олицетворена во најреакционерната реакција – Бали Комбтар – секогаш настојаваше и настојава, пуштајки разни злочиначки пароли, да ја мобилизира албанската несвесна маса за борба против албанските партизани и против нас – Титовата Војска. Во Централна и Јужна Албанија тија пуштат пароли за борба против „српската и грчката опаснос“, а пак овде зборуе за нашата бригада, како сме биле „бугарски комити“ дојдени да ги убиваме сите Шиптари и да ги палиме нифните куќи и џамији. Но, како што ги албанскиот народ со гнасење отфрли првите две пароли, исто така знае да зимоска борците на нашата Бригада, и тоа баш Дебарско-кичевскиот батаљон, најхрабро се бореше против истите тија бугарски фашисти. Борците на тој батаљон во борбите кај Богомила поништија многу бугарски окупаторски војници и полицаји и после, во зимскиот поход преку Кожуф планина, покажаја надчовешка издржливост и пожртвованост.

Селото Мраморец во западна Македонија, запалено од балисти, 1943

Стануе јасно да сите тија шовинистички пароли, пуштани от големоалбанската реакција, а по налог на Гестапо, денес во епохата на Н.О. војна на нашите два братски народи, како нестварни и противнародни ке бидат презрени и отфрлени. Во срцето на секој чесен Македонец и Албанец постоји едно вистинско разбирање, да е братството и борбеното единство едини пат и начин за нашето национално и социјално ослободуење.

Каква солидарност во борбата, колку силни стремежи за единство и братство, колку голема љубов спроти нашата борба постојат кај албанскиот народ, најарно се виде при демонстрацијата извршена во Тирана 1943 година во мај месец. На тој знаменит ден, 6 храбри синој на македонскиот народ беја во Тирана осудени на смрт и от бандитската рака на италијанските фашисти обесени. Во знак на протест против това зверство во Тирана се приреди демонстрација; сите ученици тој ден штрајковаја и со црни траки на раката по улиците демонстрираја; сите дуќани беја затворени а во градот беше фрлен летак со кој најодлучно се осудуеше тој злочин на италијанските фашисти.

Тој датум ќе остани засекога како најверен израз на братството меѓу нашите два народи.

Македонски партизани во Скопје, ноември 1944

Ние борците на Првата Македонска Ударна Бригада горди сме што можиме да кажеме да нашата бригада со чест го исполнуе тој светол задатак: изградуење и зацврснуење на братството меѓу нашите два народи.

Ние борците на Првата Македонска Ударна Бригада горди сме што можиме да кажеме да нашата бригада со чест го исполнуе тој светол задатак: изградуење и зацврснуење на братството меѓу нашите два народи. Ова година во мај месец, идејќи на овој терен, нашата бригада со еднаква жестина удри како по германските грабачи исто така и по нивните слуги, албанските фашисти. Во борбите во Дебарца, нашите борци поништија многу балисти Косовари – тие најбесни фанатизирани бандити, от кои не само што пропиштеја нашите села, ами кој со еднаков бес и дивљаштво жареја и палеја по цела Албанија. Со нивното поништавање, нашата бригада, задавајки му удар на најжестоката косовска реакција, даде голема помош и на албанската Н.О. војска и на целиот албански народ. Во натакашните борби на Пресека и низ Мијачко нашата бригада удри и по месната албанска реакција. Во борбите кај Локов беше потполно разбијена германо-балистичката офанзива и беше задаен голем удар и на Германците и на целата дебарска реакција.

Со овие удари против окупаторот и против големо-албанската реакција, нашата Бригада даде вистински и голем допринос на братството меѓу албанскиот и македонскиот народ.

А пак најарен доказ како нашата Бригада со својата борба доследно ја следи линијата на братството, ке служат борбите во Дебар. При првиот напад, пружајки им братска помош на единиците на албанската Н.О. војска, која на фронтот кај Пешкопеја водеше борба против Германците и Балистите, нашата бригада, заедно со косоварските единици, удри на Дебар и тука ги привлече сите снаги на непријателот.

Фториот заједнички напад на Дебар беше вистински една голема манифестација на братството меѓу нашите два народи. Удирајки на Дебар, нашите борци, заедно со единиците од I албанска дивизија, цели 24 сати го држеја градот во своите раце. Македонец и Албанец, паѓајки тука еден до друг, со крф го запечатија меѓусобното братство.

Нашата бригада, во своите борби градејки го братството меѓу нашите два народи, јасно и покажуе и на албанската маса от ова област, на истата таја маса која беше от досегашните режими осудена на истребуење, да утре во слободната, федеративна Титова Југославија, во братската заедница со нашиот народ и со сите југословенски народи ке заживеј вистински слободен живот.

Д-р Мирјана Попадиќ држи санитетски курс во Бакула, кај Тетово, 1944

Нужно е да нагласиме да преку името на другарот Тито, кој има големи заслуги за развивањето на Н.О. борба и во Албанија, нашето братство стануе денеска поискрено и поцврсто.

И сега кога обата наши народи се навоѓат многу близу до своето коначно ослободуење от фашиската чума, нашите војници, борци на јуначката Титова војска, високо развевајки го знамето на братството меѓу нашите два комшиски народи, требе уште посилно да удрат против нашиот заеднички непријател, на секаде каде што го имат.

Потомците на Скендер бега и следбениците на големиот Илинден дружно ќе корачат кон својата иднина.

Автор: Илија М. Топалоски
Напишано: 1944 година
Првпат објавено: „Народен војник“, весник на Првата македонска народно-ослободителна ударна бригада, број 2-3 од јули-август 1944 година;
Извор: Историски архив на СКМ, „Статии од весниците и списанијата од периодот на Народноослободителната борба во Македонија 1941-1944“, книга втора, „Култура“, Скопје, 1958