АктуелноИнтернационално

Синот на Гадафи се кандидираше за претседател на Либија

Саиф ал-Ислам Гадафи, син на поранешниот либиски владетел Моамер Гадафи, минатата недела поднесе документи за да се кандидира за претседател на Либија.

Меѓународниот кривичен суд имаше издадено налог за апсење на Саиф ал-Ислам Гадафи по две точки од обвинението за злосторства против човештвото за наводно убиство и прогон. Помладиот Гадафи никогаш не бил екстрадиран за да се соочи со обвиненијата. Тој беше држен од бунтовничките сили неколку години по смртта на неговиот татко и откако беше ослободен, остана во голема мера надвор од очите на јавноста.

Многумина очекуваат дека ова ќе придонесува за создавање тензична атмосфера пред изборите закажани за 24-ти декември. Истовремено, дел од експертите предвидуваат дека изборите ќе помогнат да се стави крај на годините хаос во Либија, откако Моамер Гадафи беше насилно соборен и убиен во 2011 година за време на воената агресија на НАТО и бунтот на исламистите поддржани од Западот.

Саиф ал-Ислам Гадафи, во јужниот град Саба, се регистрираше како кандидат на претстојните претседателски избори во Либија, за која странските сили инсистираат дека се неопходни за стабилизирање на државата по години војна.

На овој линк можете да го погледнете видеото како синот на Гадафи облечен во кафен турбан и наметка, го потпишува своето име на документите потребни за неговата кандидатура пред изборните службеници.