Лукашенко побара, Путин испрати помош на западната белоруска граница

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, изјави дека побарал помош од Русија за заедничко набљудување на полско-белоруската граница, која во исто време е и граница на со државите на ЕУ. Лукашенко го испрати барањето до руското Министерство за одбрана преку рускиот претседател Владимир Путин.

„Мораме постојано да ја следиме ситуацијата на границата. Нека квичат и обвинуваат. (…) Мора да знаеме што се прави надвор од границата“, рече белорускиот претседател Александар Лукашенко.

За возврат, прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече дека Владимир Путин е во постојан контакт со Александар Лукашенко, ситуацијата на границата меѓу Белорусија и Полска е под постојан мониторинг.

Целата кризна ситуација започна со појавата на голем број мигранти на западната граница на Белорусија кои се обидуваат да преминат во Европската Унија. Секако, мигрантите создадени на Блискиот и Среден исток заради политиките на Унијата и делувањето на НАТО, земјите од ЕУ не сакаат да ги примат. Тие упатија бројни обвинувања пред се до Белорусија, за подоцна да се обратат кон Русија за помош.

Европската Унија се обрати до Руската Федерација преку апел да влијае на ситуацијата со мигрантите на белоруско-полската граница. Според раководството на ЕУ, мигрантите преку оваа земја одат во ЕУ.

„Ќе го повторам нашиот повик во името на Европската Унија до Русија, тие имаат влијание врз Белорусија, постојат блиските врски меѓу Руската Федерација и Белорусија во многу области, ги повикУвам да допринесат за Белорусија да ја прекине оваа активност“, рече претставникот на прес-служба на Европската комисија Питер Стано.

Германска канцеларка Ангела Меркел телефонски контактираше со Владимир Путин и побара да влијае на ситуацијата со мигрантите на границата меѓу Белорусија и Полска. Според прес-службата на Кремљ, Путин во разговор со Меркел предложи да организира дискусија за контакт со мигрантската криза во областа на ЕУ со Минск. – Тоа го пренесе Рамблер.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и предложи на ЕУ да стави крај на оваа криза со исплаќање кон Белорусија, за задржување на мигрантите, исто како што Брисел и плаќаше на Турција (над 6 милијарди евра) во 2016 година за да ги задржи бегалските кампови на нејзина територија.

Но тензиите на западната Белоруска граница не прекинуваат, распределен е воен персонал и огромно количество воена опрема од страна на Полска, која ги повика останатите земји од ЕУ на помош и побара поддршка од НАТО.

Белорускиот претседател е загрижен за здружувањето на вооружените сили до западната граница на земјата. Тој им наложи на граничарите и на Комитетот за државна безбедност да обезбедат контрола врз движењето на војниците во Полска и на НАТО алијансата. „Гледате дека веќе има 15 илјади воен персонал (полска војска на границата со Белорусија ), тенкови, оклопни возила, летаа со хеликоптери и авиони“, посочи Лукашенко на министерскиот совет.

Претходно Лукашенко предупреди дека постои намерно пренесување оружје на мигрантите за да предизвика конфликт меѓу Полска и Белорусија. Претседателот истакна дека мигрантите собрани на граница се луѓе со искуство во воени операции. „Доколку имаат оружје, секој инцидент со негово користење може да биде искра за почеток на воена пресметка“ – предупреди Лукашенко

За односите со Русија, Лукашенко кажа дека тие се придружуваат на белоруската војска на границите со НАТО: „Се договоривме со Русија за тоа. Нема време за шеги. Ситуацијата е многу сериозна таму. Најсериозно е што тие отстапија од договорите. Ние не знаеме што тие сакаат“.