Црвена Младина: Поради кои причини Левица ја нарекувате нацистичка партија

„Најголемиот дел од либералното граџанството и вистинските нацисти кои и направија етничка војна во која имаше масакри од умоболни нацистички побуди, трубат дека Левица била нацистичка партија… Причините поради кои коалицијата на граџаните и терористите ја нарекуваат Левица нацистичка се следните:

Левица е нацистичка затоа што се бори да го поништи Договорот од Преспа, договор кој избриша дел од историјата на македонскиот народ и го разниша идентитетот на народот. Истиов договор не трансформираше од Македонци во северноМакедонци…

Левица е нацистичка затоа што се противи на спогодба со Бугарија, спогодба кое ќе ја направи Македонија вазал на бугарскиот национализам. Македонскиот литературен јазик со оваа спогодба ќе стане дијалект на бугарскиот а македонскиот народ ќе бидат Бугари кои се оделиле од ткивото на бугарската држава…

Левица е нацистичка затоа што го критикува Рамковниот Договор кој е по многу свои делови дискриминаторски настроен спрема македонците и другите помали етнички заедници, што доведува до уште поголема поделба и одалечување на Македонците и Албанците во градењето на заедничка држава. Рамковниот Договор доведе до делење на луѓето на Албанци и Македонци, наместо луѓе кои се образовани и вредат без разлика на етничката припадност…

Левица е нацистичка затоа што сакаат да стават крај на вашиот бажибозлук и крадење во изминативе 30 години. Вие како докажани демократи со вашето нацистичко владеење избркавте пола милион граѓани (Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби…). Вие како без разлика на етничката заедница ги избркавте младите и обрзованите кадри надвор од тука затоа што им се згнаси од вашето ,,демократско” владеење…

Има уште милон причини зошто е Левица нацистичка, ама ако ги набројувам ќе нема крај текстов…

Затоа другари приказната дека Левица е нацистичка не ви поминува кај народот, народот е решен да ја врати државата на вистинскиот пат и да ја гради Републиката наново.

п.с. Крадецот (ДУИ-СДС) вели држте го крадецот.“

Статус на Давид Златанов, претседател на Црвена Младина.