Левица станува фактор кој може да ја турне секоја Влада
„Во Шарената мораше да се учествува оти должност беше да се сруши режимот на Грујо и дпмне!
Очекувано беше дека нив на власт ќе ги замени другата најголема (со најмногу гласачи) партија – сдс. Тогаш приоритет беше менување на актуелните домашни агресори, оти ТАКА НЕ МОЖЕШЕ ПОВЕЌЕ, а не кој ќе дојде следен.
Тогаш Левица беше етикетирана како приврзок на сдс! Сега, во договорите за ПАД на Заев, исто така е должност да се учествува, оти ВАКА ВЕЌЕ НЕ МОЖЕ! Очекувано е на власт да ги замени другата најголема (со најмногу гласачи) партија – дпмне.
Приоритет сега е ЗАПИРАЊЕ на разнебитувањето на државата кое се направи од страна на сдс и ќе продолжеше до недоглед со вакви на власт.
Сега Левица е етикетирана како приврзок на дпмне. Единствената важна разлика е што сега Левица, наместо ДУИ добива можност за поголема преговарачка (уценувачка) моќ, а тоа, да бидеме начисто, нема блага врска со пајтон партија.
ДУИ не беше ничија пајтон партија, туку обратното – големите и’ удоволуваа со се’ скоро до поделба на државата, за власт.
Сега знам, дека ако Левица е таа што УЦЕНУВА, тоа нема да биде за контрола над шверц со дрога, правење криминал и окупирање на делови од државата, туку ЗА средување на горливите прашања едно по едно!
Редно е да им се честита – се покажаа ДОСЛЕДНИ во бробата против РЕЖИМ, а од партија на која и’ се потсмеваа, станаа партија која турка Влада!
Не е малку, да речеш!
П.с. За душебрижниците, кои не разликуваат формална коалиција од соработка за туркање криминална власт, фала богу, има време пред нас, па делата ќе си кажат кој бил во право!
П.п.с. А едно е сигурно, намерите на Левица НЕ СЕ да биде ничиј приврзок и точно знаат што прават!“
- Фејсбук статус на Проф. Др. Тамара Јованов