Мекманус: ЕУ не треба да молчи за делата на израелските окупаторски сили

Пратеникот во Европскиот парламент, Крис Мекманус, истакна дека новите податоци покажуваат нагло зголемување на бројот на урнати палестински домови од страна на израелските окупаторски сили. За ова тој смета дека Европската Унија не треба да молчи.

„Од јануари до август оваа година, израелските власти урнаа или запленија 118 објекти во сопственост на Палестина низ Западниот Брег, вклучувајќи го и Источен Ерусалим. Ова претставува зголемување од 38 проценти во споредба со истиот период во 2020 година. Прибраните податоци го користат терминот „структури“, но мора да се разбере дека значителен број од овие објекти се семејни куќи“. – Стои во соопштението објавено од левичарот.

Европратеникот додаде дека: „Уривањето резултираше со раселување на 191 лице, вклучително и голем број деца. Уништувањето зафати и стамбени згради, оставајќи над 1.400 луѓе без пристап до јавните услуги.

Според Ирскиот европратеник, израелските власти се обидуваат да се сокријат зад фактот дека зградите немале дозвола, но занемаруваат да споменат дека само тие имаат овластување да дадат таква дозвола и избираат да не го сторат тоа, што ги остава Палестинците во ситуација да немаат друг избор.

Мекманус нагласи дека станува збор за етничко чистење и ги повика лидерите на ЕУ да ги поддржат угнетените.