АктуелноЛокално

Шилегов потрошил 10.169.487,00 денари за обезбедување на училиштата кога наставата е онлајн

Град Скопје во 2020 година, склучува Договор со НИКОБ Обезбедување за ангажирање на агенција за обезбедување на имот и лица за унапредување на безбедноста и сигурноста во училиштата на ниво на Град Скопје за училишна сезона 2020/2021 година во износ од 1.129.943,00 денари за 1 месец или 10.169.487,00 денари за вкупно 9 месечен ангажман.

Во 2020 година, поради Корона вирусот, донесени се мерки, наставата да се врши ОНЛАЈН, а учениците физички да не присуствуваат на часовите. Петре Шилегов, од средства на општината организира Тендер и троши непотребни средства од граѓаните, а кои средства можеле да се искористат и пренаменат за помош на погодените граѓани од Корона Вирусот.

Дури и да морале да потрошат средства за обезбедување само на имотот на училиштата, Град Скопје можел да склучи договор со агенција за обезбедување на имот, за ДУПЛО ПОНИСКА СУМА од онаа која веќе е понудена, бидејќи му биле потребни 50%, а дури и помал капацитет за обезбедување САМО на имотот на училиштата.

Погубните политики на градоначалникот во заминување Петре Шилегов ги чинат граѓаните пари кои што самите ги плаќаат, а истите немаат отчет за потрошените средства. Уште пострашно е што средства се трошат неекономично додека трае пандемијата.

Советниците на ЛЕВИЦА ќе се залагат за транспарентност и отчетност за секој потрошен денар од страна на Град Скопје.

  • Реакција на Левица Град Скопје