АктуелноЛокалноСтав

Три години од неуспешниот референдум

„На денешен ден, пред три години, македонскиот мирољубив народ достоинствено се спротистави на предавството организирано од квислиншката власт, локалните скапо платени експертутки, нивните соросови НЏО-а, целата машинерија на медиуми и пропаганда и директната булдожер дипломатија на Меркел и Столтенберг.

Самоорганизиран, без никаква структура, пари и моќ, и покрај сите закани и притисоци, македонскиот народ ОДБИ да се самоизбрише и преименува за да стане дел од пакт на крв и војни. Република Македонија никогаш не стана дел од НАТО, туку нивната вештачка творевина Северна – и со тоа македонскиот народ остана доследен на својата горда антифашистичка историја.

И ниту една привремена власт на платени предавници не можит да го избришит колективниот дух и меморија дека Македонија постоела, Македонија постои и Македонија ќе постои. Да живее Македонија.”