На оризопроизводителите им треба поддршка

Во ист ден со изборната кампања почна и манифестацијата Денови на оризот. Судејќи според содржините, манифестацијата може да се преименува и во Денови на лицемерието и бесчувствителноста.

Имено, оризопроизводителите со денови протестираат поради ниската откупна цена на оризот и лошите услови за обработка на оваа култура. Оттука, како општина која оризот го има вградено во сите свои симболи, општина позната по некогаш со право така нареченото бело злато, Кочани им должи на оризопроизводителите искрен, посветен и сериозен пристап кон нивните проблеми, барем овие неколку дена.

Манифестациите кои ќе се протнат под име Денови на оризот ни најмалку, освен преку многупати преповторено сценарио на зажнејување, не го третираат ниту оризот, ниту темите кои ги засегаат оризопроизводителите, туку истите се креирани така што да се вклопат во кампањата на актуелниот градоначалник.


Можеби некоја друга година, ако некој од врхушката во Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство реши да гради викенд куќа на Пониква барем со соодветна трибина ќе биде испочитувана потта и маката на оризарите, судејќи според тоа што министерката Царовска изминатава година беше инвентар на манифестациите организирани од општина Кочани

На оризопроизводителите им треба сериозна поддршка, не тра-ла-ла настани за време додека производството на оваа култура е во голем ризик!

Реакција на Левица – ЛО Кочани