(Видео) Не отварам врата: Како изгледа бојкот на попис
Од иницијативата за бојкот на пописниот фалсификат „Не отворам врата“ на својата фејсбук станица објавија видео, испратено од анонимен снимател, во кое се гледа дека речиси на секоја врата има оставено ливче од попишувачи, поради бојкотот од страна на граѓаните.
Активистите во иницијативата сметаат дека: Државниот завод за статистика, директорот Симовски и политичките партии кои го туркаат спроведувањето на пописниот фалсификат, се обидуваат да сокријат колкав е бројот на граѓани кои го бојкотираат пописот. Заради тоа, тие ги повикуваат граѓаните, да им праќаат фото, аудио и видео материјали, како и да ги споделат негативните искуства со попишувачите, за јавноста да може да ја добие вистинската слика од терен.
Од иницијативата велат дека за состојбата со пописот не може да се дознае преку медиумите, затоа што од страна на државните институции, јавно достапни ги ставаат информациите кои само ним им одговараат, па согласно ова, транспарентност за процесот на попишување речиси воопшто нема.