Јанчев: Предвидена е глоба ако одбиете да се попишете, неотворањето врата не е одбивање за попис

Статус на Саше Јанчев


„Да разјасниме околу казните за непопишување.
Да, предвидена е глоба ама ако одбиете да се попишете. А за да одбиете прво треба да отворите врата па да речете не сакам да ме попишете.
Ако не отворите врата попишувачите не знаат дали вие не сте дома или намерно не отварате врата и не можат да ве пријават дека одбивате да се попишете.
Затоа коа ќе ви ѕвонат, ѕирнете кој е, ако се попишувачи не отворајте. Попишувачите ќе ја бакнат вратата и ќе си одат. И се така до 30 септември.
Се што може да ви се случи е само вратата да ви биде излигавена од бакнежите на попишувачите.”