Народната иницијативата „Не отворам врата“ започнува со организиран отпор

Пред да биде донесена одлуката за одложување на пописот, чија основна операција е етно-политичка (а не статистичка), опозиционата партија со најмногу пратеници во собранието, ВМРО-ДПМНЕ, како услов го постави барањето „сите попишувачи да бидат вакцинирани“. Тогаш, во интервју за национална телевизија, претседателот на оваа партија, Христијан Мицкоски рече:

„Имам модифициран предлог, веднаш нека се донираат 5-6 илјади вакцини за попишувачите, нека ги имунизираат попишувачите, тоа е процес кој што трае месец дена, ќе се одложи процесот на попишување на население и домаќинства, што е тоа во споредба со 20 години чекање и тогаш откако ќе се заврши имунизацијата со попишувачите да се одржи пописот. Првиот момент кога ќе имаме имунизирани попишувачи каде што здравјето на граѓаните нема да биде загрозено и нема да постои опасност попишувачите да шират опасност ние ќе го поддржиме пописот“

На само неколку дена пред започнувањето на „етно-политичката операција“ наречена попис, Владата која не обезбеди попишувaчи (и покрај нудењето на огромни хонорари), објави дека ќе ја ангажира „администрацијата“, а попишувачите можат да бидат невакцинирани. Иако договореното не е исполнето, од ВМРО-ДПМНЕ за ова не реагираат. Единствените барања поврзани сo „пописот“, кои политичката елита ги исполнува се оние на ДУИ, заради што народната мрежа „Не отварам врата“ одново се организира.

На својата Фејсбук страница, народната иницијатива „Не отворам врата“ најави започнување со организиран отпор. Тие го објавија новиот постер на движењето, повикувајќи го македонскиот народ да се самоорганизира:

„Апостол Симовски денес најави дека попишувачите НЕ МОРА ДА БИДАТ ВАКЦИНИРАНИ, додека народот е сегрегиран со рестрикции. Власта на СДС и ДУИ се спремни да шверцуваат попис по секоја цена и затоа иницијативата #НеОтворамВрата започнува со ОРГАНИЗИРАН ОТПОР. Ги повикуваме сите револтирани граѓани да се приклучат кон отпорот и да упатат порака до власта дека не ги ПРИФАЌА НЕЈЗИНИТЕ ТОТАЛИТАРНИ МЕРКИ!

Секој кој пркоси на криминалната власт може да го испечати овој постер и да го залепи на својот дом. Да покажеме дека Македонците се способни да се САМООРГАНИЗИРААТ во одбрана на сопствената татковина и македонскиот идентитет.

Направете слика од залепениот постер и испратете ни во порака, со цел да обзнаниме јавно дека оваа ВЛАСТ НЕМА ЛЕГИТИМИТЕТ ОД НАРОДОТ!

ЛИНК ЗА СПУШТАЊЕ НА ПОСТЕРОТ: https://bit.ly/3sOnwDd