ПАРАДОКС: КОЛКУ ПОВЕЌЕ ВЛАСТА ЈА ЗАТРУПУВА ДРЖАВАТА ВО ДОЛГОВИ ТОЛКУ ПОНИСКИ ВО ОБЕМ И КВАЛИТЕТ СЕ ЈАВНИТЕ УСЛУГИ

Владата предводена од СДСМ и ДУИ само годинивва државата ќе ја задолжи 1,5 милијарди евра. Коалицијата на овие две партии за четири години владеење го зголеми јавниот долг за 2,5 милијарди евра, со што долгот надмина 62% од БДП-то, а до година тој ќе достигне дури 8,5 милијарди евра!Прашањето кое првично се наметнува е: каде одат овие пари, како и за што тие се трошат, односно со каква цел се задолжува државата?

Целите и „визијата“ за енормното задолжување на Власта генерално може да се категоризираат во трети-четири причини:

1. ЗЕМИ ЗАЕМ ЗА ДА ПОКРИЕШ ДРУГ ЗАЕМ: Прво, една од целта на задолжувањето кое Владата го прави е отплата на дел од долговите како резултат на претходно издадените Еврообвзници – долгови кои во наредниот среднорочен период пристигнуваат за отплата – очајна состојба за која не треба посебна елаборација;

2. БЕЛА КОРУПЦИЈА КАКО МЕТОДА ЗА ДОБИВАЊЕ ГЛАСОВИ И ОДРЖУВАЊЕ МИР: Другата цел со задолжувањето на Владата е онаа со која владејачката гарнитура, не само што го купува социјалниот мир туку, преку креираните трошоци по основ на плати за вработувањата по фиктивни министерства од гломазната администрација (пример: Министерство за политички систем кое има блиску 2000 вработени!?), и разни нефункционални и крајно непотребни управни и надзорни тела, потоа издатоци за разно-разни советници и слично, си ја обезбедува политичката поддршка и врши класичен масовен поткуп на гласачкото тело;

3. ПУМПАЊЕ НА НАРОДНИ ПАРИ ВО ПРИВАТНИ ЏЕБОВИ – КЛЕПТОКРАТИЈА: трета цел на задложувањето кое го прави владата на СДСМ и ДУИ е тоа за да преку тендер формата на пумпање народни пари да ги наполнат своите (на потесното раководство од партиските членови и функционери) приватни џебови – феномен што во ови две партии претставува единствено сврзно ткиво помеѓу најразличните партиски ешалони како „ченови“ и „активисти“ на Партијата. Примерите за ова се многубројни, од поткуп на медуми со привилегии и „преференции“ за рекламиање, до целосна кооптација на невладиниот сектор како партиски мегафон преку ангажирање на советници и разни „експерти“ и купување на промотивни материјали од типот на презервативи и лубриканти. Потоа тука се методите за синхронизација со бизнис секторот – па логуично е, крајните интереси се класни. Класичен пример е случајот Аѓушев (менување регулативи во корист на својот бизнис, труење со мазут, сопствеништво на мали хидроцентрали преку белизе фирми и конструирање на нивно субвенционирање…и мал милион рабти кои не можат да се следат). Секако тука типичен пример е исто така пемиерот-бизнисмен кој партијата и власта буквално си ја купи како на берза. Потоа тука се и милионските бенефиции кон странските фирми (ТИРЗ) чии профити не остануваат воопшто во државава туку целосно одат во земјите како матични земји на овие фирми. Замислете, владата дополнително со договор исплати 16 милиони евра помош кон „Дрекслермаер“, што е износ поголем од последниот пакет мерки насочени кон сите граѓаните на државава?! А да не зборуваме уште колку пари се пумпаат по однос на бенефициите на избраните и именувани функционерите како што се издатоци за „патни трошоци“, службени возила и телефони, прослави, патувања, средби, протоколи на висока нога, и мал милион работи кои никако не можат да ја видат светлината на отчетноста. Тука уште се и малите но незамерливи тендерчиња на локалните единици кои само црпат пари а за возврат работата на подобрување ама на партиската мрежа во локалната единица од каде го добиле тендерот. А незанемерливи се и тендерчињата мали навидум мали гледани поединечно но збирно прават огромна сума која се одлива во ветер и магла, како илустрација доволни се двата тазе примери: првиот, 1.800.000 денари на тоалетна хартија, и вториот, 500.000 евра за прослава на Рамковен договор?!

4. ИМПЕРИЈАЛИСТИЧКА ОКУПАЦИЈА И РЕКЕТИРАЊЕ: Има уште една категорија на тоа зошто Владата се задолжува, а тоа е да ги задоволи рекетарските активности на САД и неговата маша воениот сојуз НАТО. Имено, Македонија покрај тоа што потроши 3 милиони евра за канцеларии во НАТО како и блиску 1 милион евра годишно за членство, ние купивме и скоро 300 милиони евра оружје од воено-индустрискиот комплекс на САД!?

Е сега за да ви стане јасен парадоксот од насловот, само споредете со колку пари ги гасиме пожарите: годинава државата за цивилна одбрана и заштита севкупно издвои 14 милиони евра. Од кои 60% се само за плати на пожарникарите, а остатокот за „инвестиции во машини и опрема“ кои сепак – и на волку срамна и минорна сума – повторно ги нема никаде!

Опортунитетниот трошок како материјална штета од ДИРЕКТНАТА одговорност на властите е непроценлив – на одговорните треба да им се конфискува сиот имот, и цел живот да работат општествено корисна работа за минимален надомест, и доживотно суспендирање за нивно учество во државните и јавни работи!