(Видео) Крмов: Ние сме единствена опозиција во Собранието

Изјава за медиуми на пратеникот Борислав Крмов, по повод блокирањето на процедурата за донесување Изборен законик од страна на Левица, којшто власта сака да го протне на два месеци пред изборите:

„Поднесовме 772 амандмани, со тоа законот е ефективно блокиран. Сите членови во кои што тие вршеле измени се проблематични. Тука да го спомнам и тој дел со ограничување, со масовно ограничување и воведување кривично дело со фејсбук спонзорирање, кое што ние се сеомневаме, т.е. сме сигурни дека е директен таргет на нас. Така да ние не отстапуваме, нема измени, едноставно по препораките на ОБСЕ/ОДИХР едноставно нема време за да се носат вакви измени два месеци пред избори, така да нема компромис, нема отстапување.

Ние го блокиравме законот принципиелно, не знаевме какви измени има. Без разлика што идев на тие работни состаноци, очигледно дека се имаше задни намери. Значи и тие делови се спорни, секако баш заради тие делови блокиравме, а ова со фејсбуков излезе после. Така да во секој случај.. и 2% праг за собирање потписи е проблем и отворени листи со 3% праг е исто проблем. Ништо не е договорено како што треба, ништо не е договорено на време, ништо не е договорено со консензус, така да ништо нема да помине!

Јас колку што знам севкупно имаат околу десетина амандмани, дури и да немаат воопшто амандмани они имаат право да земат збор. Не гледам за жал некоја расположеност од нив да се конфронтираат, така да очигледно останува само на нас. Ние сме единствена опозиција во собрание во моментов!“