Воените гробишта во Арбор Хил – затворот во Ирска

Пишува: Ивана Стоименовска – член на Централен Комитет на Левица.

Воените гробишта кај Арбор Хил, затворот во Даблин – Ирска, се последното почивалиште на 14 од погубените водачи на Востанието во 1916 година. Затоа е место за аџилак на студентите и познавачите на овој бурен момент од ирската историја. Гробиштата Арбор Хил се наоѓаат на задниот дел од Националниот музеј на Ирска, касарната Колинс, каде што во моментов можете да најдете голем приказ на материјал поврзан со 1916 година.

Постои соседна црква, капелата за затворот Арбор Хил. На задниот дел на црквата лежат старите гробишта, кои содржат фасцинантни спомен-обележја на британскиот воен персонал. Меѓу погребаните тука се и Патрик Пирс, Јемјс Коноли и мајор Јохн МекБрајд. Нивните тела биле ставени во необележана јама и покриени со брза вар, но нивниот гроб сега е спасен од нејаснотија со импресивен спомен – обележан на англиски и ирски.

Џејмс Коноли (ирски: Séamas Ó Conghaile), е ирски републикански и социјалистички лидер, основач на Ирската Социјалистичка Републиканска Партија. Коноли, заедно со Патрик Пирс (ирски политички активист и еден од лидерите на Велигденскиот бунт против британската власт во Ирска) ги спојуваат Ирската Граѓанска Армија и организацијата на Ирските волонтери и ја создаваат Ирската Републиканска Армија (ИРА).

Во продолжение счедуваат фотографии од воените гробишта во Арбор Хил, како и извадок од прогласот на Ирската Република што ја прочитал Патрик Пирс, еден од водачите на востаниието што започнало на 24 април 1916 година.

Ирската Република до народот на Ирска

„Ние, правото на ирскиот народ на сопственост врз Ирска и на непречена контрола на ирските судбини, го прогласуваме за суверено и неотуѓиво. Повеќегодишната узурпација на тоа право од страна на странски народ и влада, не го згасна ова право ниту може некогаш да згасне, освен со уништување на ирскиот народ. Секоја генерација на ирскиот народ го бранела своето право на суверенитет и национална слобода. Изминатите триста години, ова право, тие го бранеа со оружје, шест пати. Спремни сме, ова основно човеково право, повторно да го браниме со оружје пред светот. Со ова ја прогласуваме Република Ирска за суверена и независна држава. Ги заложуваме нашите животи и животите на нашите соборци за каузата, за ирската слобода, благосостојба и возвишеност помеѓу народите.“

Дел од поемите на Патрик Пирс пишувани додека бил во затвор

На мојот брат

О верен!

Формирани во иста матка

Ние двајцата стоевме заедно во текот на сите години

Сите среќни и сите возбудливи години

Сопствени браќа: низ добро и болест,

Во пустинска опасност вистинита за мене,

Оставајки ги сите работи за мене, трошејки се

Во тешките услуги што ти ги спомнав

Од сите мажи што ги знам на земјата

Ти единсвено ми беше семеен пријател,

Не посакував друг.