Марио Дијаз Канел: Ја браниме револуцијата пред сè

Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел соопшти дека постои „манипулација со реалноста“ и лажни вести на социјалните мрежи, со кои Кубанците се испровоцирани да излезат на масовни антивладини протести. Според него, она што се објавува на овие платформи никако не се однесува кон реалноста во карипската земја.

Заради новонастанатата ситуација на притисоци, надворешни и внатрешни и немирите создадени од страна на протестирачите, претседателот на Куба Марио Диаз Канел, имаше свое обраќање до нацијата, во кое зборуваше за актуелните проблеми.

Претседател ги повика сограѓаните на солидарност и ги замоли „да не дозволуваат омразата да ја заземе кубанската душа, која е симбол за добрина, приврзаност и љубов“. Дијаз Канел исто така инсистира на единство на Кубанците, особено пред обидите за дестабилизација на ситуацијата во земјата однадвор тој потенцираше дека „САД не успеа да ја уништат Куба, иако потрошија милијарди долари на тоа“, напиша кубанскиот претседател“.

Во своето обраќање пред Кубанците, особено внимание беше одадено на притисоците од Белата куќа, која сака да предизвика внатрешна социјална катастрофа во Куба, барајќи меѓународни „хуманитарни мисии“, што би резултирало со инвазии и воена интервенција.

 „Бевме искрени, транспарентни и јасни, како секогаш, на нашите луѓе им ја објаснувавме комплексноста на денешницата“, – објасни Дијаз Канел, истакнувајќи дека од почетокот на втората половина на 2019 година, откако САД започна да користат низа рестриктивни мерки, блокади и финансиско вознемирување, особено во енергетскиот сектор, со цел да ја задушат кубанската економија, настана многу проблеми.

„Оваа ситуација продолжи, со 243-те мерки за кои сите знаеме. Во последните денови од таа администрација беше донесена одлука Куба да се вклучи на списокот на земји кои го спонзорираат тероризмот“.

„Мора да се признае дека другите не се изјаснуваат за наметнување на овие мерки, но тие се ограничени заради туѓата супериорност.“

„Ова дополнително го зголеми влијанието на ограничувањата, што пред сè имплицираше земјата веднаш да биде отсечена од нејзините главни извори на приход од девизи: Зборувам за туризам, зборувам за патувања на Кубанци и американски граѓани кон нашите земја, за толку очекуваната помош за кубанските семејства од нивните роднини во САД и т.н.“

„Ограничено снабдување со гориво, ограничениот пристап до резервни делови и сето тоа предизвика незадоволство, ги влоши натрупаните проблеми, кои не успеавме да ги решиме, а постојат уште од специјалниот период. На сето тоа е додадена жестока медиумска кампања за дискредитација, како дел од таканаречената неконвенционална војна, која се обидува, од една страна, да го наруши единството на Партијата, владата, државата и народот и  прикаже владата како несоодветна и неспособен да обезбеди благосостојба на кубанскиот народ, а од друга страна ја претставува владата на САД  како ‘многу загрижена’ за благосостојбата на кубанскиот народ.“

„Ова се вообичаени лицемерни рецепти кои говорат за двојните аршини кои ние многу добро ги научивме низ историјата на Кубанско-Американските односи. Знаеме како тие интервенираа во нашата земја, како го присвојуваа нашиот остров, како ја одржуваа доминацијата за време на псевдо-републиката и како нивните интереси беа сериозно погодени од триумфот на Кубанската револуција.“

„60 години им пречи победата на Кубанската револуција, затоа постојано се заоструваат… применуваат засилена, неправедна, криминална, сурова блокада, полоша од кога било, во услови на пандемија. Во тоа лежи очигледна изопаченост и злонамерност на сите овие намери, блокади и ограничувачки мерки, кои тие никогаш не ги презеле против која било друга земја, па дури ниту против оние што ги сметаат за свои главни непријатели.“

„Ова е дело и политика на злобност против мал остров, кој само се стреми да ја брани својата независност, суверенитет и самоопределување, градејќи го своето општество во согласност со принципите што повеќе од 86% од населението ги одобри, подржувајќи сегашниот Устав на Република Куба.“