Крмов: Или има Устав или нема – ова не е пазар!

Пратеникот Борислав Крмов, во одговор на провокативно прашање, го објасни кршењето на Уставот и законот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери, поради тоа што ги доставува документите на пратениците во двојазична форма.


Како вие сте дискриминирани? Затоа што ги добивате законите двојазични и на македонски и на албански, тоа го сметате за дискриминација?

– Секако дека тоа е дискриминација, го кршите и Уставот и законот. Според Уставот, дури и според Законот за јазици којшто е нелегален закон имате две можности во Собранието. Тоа е:

Да ги добиете законите чисто на македонски јазик и ако сте припадник на малцинство кое повеќе од 20%, да ги добиете на македонски и на тој јазик. Значи имате двојазичност за пратениците Албанци, практично и за сите останати, не само за Македонците, и пратениците Турци не го говорат албанскиот јазик и пратениците Срби не го говорат албанскиот јазик, пратениците Власи и така натаму. 

Значи имате македонски јазик и двојазично. Би требало пратениците Албанци, не знам колку се во Собрание 20,25,30%, тие би требало да ги добијаат двојазично, додека сите ние би требало на македонски. Ние не добиваме на македонски, ние добиваме двојазично, кадешто моето име, пак ќе кажам, е погрешно преведувано, каде што вчера видовме и грешки со погрешни имиња.

И сега јас треба да ставам и потпис на документи кадешто едната страна не ни ја разбирам, не знам ни колку е тоа добро преведено. Пратеник Албанец – да, значи тој убаво ќе прочита, ќе види дали тој документ одговара, дали ќе стави потпис, ама јас не знам. Не може така бришење под со Уставот на Република Македонија да биде “Што ви смета сега на вас”. Значи не е ова пазар, или има устав или нема устав.