Обезбедувањето на Оливер Спасовски ја блокира цела улица, додека министерот е на ручек!!!

Фоскулите „сите сме еднакви пред уставот и законите“ и „се’ е во согласност со уставот и законите“ се најчесто користените од нашите државни функционери, особено кога се обидуваат да ја докажат нивната еднаквост со граѓаните или укажат на правилноста и законитоста во нивното работење. Но, како е тргната работата, се’ чини дека функционерите се повеќе еднакви од обичните граѓани.

Денес, особено популарна е фотографијата на која се гледа како возилото од обезбедувањето на Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, непрописно е паркирано пред кафеана, блокирајќи ја цела улица, додека министерот е на ручек.

Засега нема информација дека возилото е санкционирано или дека возачот е казнет за незаконското паркирање. Министерот кој води кампања за безбедност во сообраќајот, овој пат одлучи да им послужи на граѓаните за лош пример и покаже како не треба да се однесуваат. МВР пак, со чинот на непостапување за прекршокот, презентираше како една државна институција ги негува своите функционери. Клучно е дека: ниту сите сме еднакви пред уставот и законите, ниту пак се постапува во согласност со уставот и законите.

Македонскиот полициски синдикат, кој пред неколку дена креваше врева за неправилното постапување на нивен службеник, напаѓајки го пратеникот Димитар Апасиев, неосновано и без правна аргументација, денес молчи. Изгледа, министерот (иако нема имунитет) е малку поеднаков од останатите.

Прекршокот е евидентен, останува да видиме дали во овој случај МВР ќе постапи „согласно уставот и законите“? Постои ли доблест кај Оливер Спасовски јавно да си ја признае грешката и да се извини пред граѓаните? И, дали маргинализираниот, партиски, полициски синдикат ќе реагира и побара одговорност заради прекршокот на министерот?