Црвена младина: Манипулации со ставовите на студентите во функција на квислиншките политики на СДССМ со цел да ја донесат во заблуда меѓународната јавност

Присуството на претседателката на УСС УКИМ, постдипломецот Ева Цветковска, заедно со неколкумина други членови на УСС на Преспа форум за дијалог, активност за која известувањето беше дадено постфестум, разгневи голем број студенти.

Самиот избор на Цветковска, како ЕДИНСТВЕН кандидат на изборот оваа година во февруари, спроведен онлајн, во ек на корона кризата, беше проследен со сомневања дека станува збор за марионета на СДС, што таа и го документираше споделувајќи заеднички фотографии со високи функционери на власта направени токму за време на споменатиот форум.

За каков настан станува збор и по чиј налог споменатата објава беше отстранета од ФБ страната на УСС? Со цел да се силува јасно искажаната волја на народот преку референдум обезбедени се 18 милиони евра за проектот „ЕУ за Преспа“ наводно наменет за поддршка и одржлив развој на преспанскиот регион, а всушност со цел да се продолжи со насилно имплементирање на штетните квислиншки политики на актуелната власт.

Во рамки на проектот е предвидена и изградба на Мултимедијален центар за дијалог и развој на европски вредности во Преспа кој би бил функционален во текот на целата година. Центарот очигледно е замислен да биде отелотворување, материјална потпора на срамното предавство и место кое би требало да служи како центар за обука и расадник за носители на квислиншките политики.

Ева при изборот на студентите им вети целосна дигитализација на административното работење на факултетите и спроведувањето на наставата, заложба за намалување на дополнителните трошоци за студирање и унифицирање на трошоците на ниво на УКИМ, воспоставување студентски сервиси, отворање студентски културен центар, реновирање на читални и дворови, финансиска поддршка на научно-истражувачка дејност, итн, итн. Дури и журка им вети!, но никаде не наведе дека ќе го злоупотреби УСС во функција на застапување на политиките на владеачката политичка партија!, ниту пак има мандат за такво нешто. На нејзината екскурзија во Отешево можела да ги застапува, евентуално, ставовите на младинската организација на СДС, но никако УСС!