(Видео) Сведоштво за масакарот во Ваташа

Куќата ни беше на чардак, со братучетка ми Павлина и таа беше во фатените, Куката ни стои така, покрај уличката, а на уличката стое кмето и вика: „Стева и Павлина нека се јават“. Значи ние стоиме на чардакот во раката носи нешто како тесте. Слеваме, Стево вика, до горе ве викаат нешто до кафеното да ве прашат. И, одиме погоре до кафенето, и, тука поручникот станува, и вика: „Ааа, вие сте шумкарите?“ – само вака ги кренавме рамената. И, му даде наредба значи, долу, војници изгледа стоеја, за да го дадат Димо Чекоров, другарот наш. Он да биде покриен сос мушама. Ја случајно вака се испулив, каа гледам, од мушамата се испули Димо, вака го гледам. И очи у очи, да не потчуват.

Викат „го познавате ли другар ви?“ – Викам го познаваме, од селото е. Али уопште сос него немаме никаква врска. „А мамка ви да …“ – вика он, поручнико. „со него всичко сте работиле а немате врска?“ Значи, толку беше, ме удри и ме стави у зидот до скалата дек шо е у кафенето, у зидот да гледам. После случајно кат се испулив тука: Катина, Ристо Јондев, Пане Мешков, за миг, значи, не собраа сите.

После тоа веќе почнаа у кафенето да не викат, еден по еден, да не викат, Кој како беше дошол ќе го викнат, по име ќе не викнат, че идеме, че не сослушуват. „Што сте им давале на шумкарите? Како сте им помагале? Пцуат, маваат значи на мртво. И, тука едно време рекоа, „Машките на в’нка“. И, другарите сите надвор, излегоа од кафенето, и, нас после не изнесоа од кафенето. 

Ние, еден со друг, не се гледаме значи по патот. Другарите беа многу понапред, ние беме по од зади. И,  одеа неколку души, поручникот одеше, па подначалник, неколку официри имаше. И, само ни викат „Кажете шо да му правиме на Димо?“ – Значи на Димо Чекоров, он е од најпрвин таму. И, у Димо кобајаѓи сликата била пронајдена. Па ние викаме шо има да му праите на Димо? – ние ништо не знаеме за Димо. Вика, „Мора да решите нешто за Димо“, -Викаме (ние четирите женски) не знаеме шо да решиме. Немаме поима шо да решиме. Нема, нема, пак по патот, „Ај кажете, ајде бе, ќе видите вие на горе шо ќе стане сос вас“.

И, кога одиме горе, имаше така една бразда, дека шо се другарите, значи тука по патчето, и, си вадеа џонче такви работи. И, они сите наседнати, кој кошула си соблекол, па жешко, не се газеше на земјата, таква жештина. Таква жештина не сум памтела у мојот живот на 16 години каа таа ден. Жештина вака одиме и нозите си ги креваме од шо не се стапнуе на земјата. И они каа шо си беа наседнати и, Васо Хаџијорданов, кафенето шо го држеше, иде вака по нарет кај поручникот и вика „може ли да се вратам назат“ – оти кафенето он го држеше, отворено е. И, еден така ниски полицаец вика „има време че се вратите“ – и го бутна. И, ни рекоа: „по тоа патчето одете нагоре“. 

И, кога тргнавме нагоре, вика: „че ве водиме на манастирот кај што бевте на излет на втори мај“. Арно ама, не вратија тука, сега кај шо се стрелани. Младинците одеја напред, наредбата не ја чуја, одеја во три реда. И ние застанавме може на 5-6 метра од нив, и, излегоа заповедта, затоа шо ние мали, ние мали не знаеме, излегоа троица со пушко митролези, и, нив му рекоа „че ве сликаме“. Јас не чув, некоја од другарките чу. Се наредоа вака во три реда, први ред пониско, повисоко, така, беа. Ааа, Васо Хаџијорданов, Диме Чекотов и Герасим Матаков, кога почнаа да пукаат почнаа да бегат они. 

Испукаа, со картешници, сос…, шо имаа оружје се, не знам како да ви кажам. И децата, останаа покосени сите, дури не ми е лесно ни да кажувам, нерви се. У тија момент избега. Васе избега, таму имаше капини, Диме, имаше јаз, тамо преко јаз, Герасим само трчеше и викаше „Ооо мајкоо!!!“ – и од тука му цуре крвта, како водоскок. И, они видеа тие другари, оти ранети, не дотепани сите, боднаа по нив, да ги дотепат. Вие ги оставија шо ги оставија, и дотепаа децата, трите. Дојдоа на овие, се вратија, некој оште жив. Не знам како да ви кажам.. Блаже, оште така ми е јасно, слика, очите вака, оно може и да беше дотепано детето. Бајонети, ножеви, со се, извадоја, децата нов ги газат и избодија. И дури послето, нас, окако избодија децата не водеа да газеме по нив, другарите. „Легнете, сега и вас че ве убиеме тука“.

И, послето ни викат ајде, една цреша имаше, они почнаа од црешата да зобат. – У тоа време цреши, духовден, така беше. Кога завршија со нив рекоа „вас ќе ве стреламе сега. Почнаа да не наседнуваат сос пиштолите нивни, ние се браниме, за раци ги фаќаме, они за гуша. И, рекоа добро е, вас нема тука да ве стреламе, че ве стреламе на патот кога че си одиме надоле. 

Не потераа да си одмие, „абе поблизу до селото че ги убиеме“ – они ни викат,. Одиме, одиме 20 метра, ајде тука че ве стреламе, ајде пак ќе одиме, „ајде бе“, че му речи „господине поручниче, има ли смисла толку избихме нив четири да ги вратиме?“ –  еден че рече „абе тука че ги убиеме поблиску до селото“ – така, така, на неколку пати, на неколку места не сопираа така значи.

Е, одиме пак надолу, докај кафенето, дека шо бевме на почетокот, тука не среќава кметот, шо беше у селото. И, му вика: „Кмете, женските ти ги предаваме, од денеска натака, али од селото на в’нка несмеат да мрдат. Има, да ги пазиш значи“. – Ние избезумени си отидовме дома, не знаеме да кажеме на мајками и таткоми. „Каде е брат ти“ – јас не знам викам. 

Извор: Овој текст е извадок од сведоштвото за  документрниот филм „Сеќавање – Ваташа 16 Јуни 1943“ , снимен во 1979 година за Телевизија Скопје