Грчки реакции против употребата на Македонија од ФФМ и македонските коментатори

Вчера, Македонската Фудбалска Репрезентација го забележа своето деби на големото европско фудбалско натпреварување. Но, како и за се останато, на нашите соседи мора нешто да им смета.  Големиот пријател на Никола Димитров и потписник на Преспанскиот договор Никос Коѕијас и државната новинарска агенција на Грција АНА-МПА, веќе имаа свои реакции. Поранешниот министер за надворешни работи на јужниот сосед побара да се промени името на „Фудбалската Федерација на Македонија“ додека новинарската агенција побараа македонските коментатори да не го користат името Македонија.

„УЕФА, која прифаќа како свои членови само Федерации од признати држави, не може да прифати Федерација на непостоечка држава (како што е „Македонија“). Државата што навистина постои е … ′ Република Северна Македонија “. – напиша Коѕијас 

„Фудбалските федерации се независни здруженија. Но, овие работат врз основа на националните закони на спортот во секоја земја. Можеби на Европското првенство во фудбал во 2020 година, е претставувана од фудбалска репрезентација на нивната Федерација, но оваа Федерација не е без татковина, не работи надвор од тоа место и време.“ според него.

Тој инсистира грчките власти да направат притисок за да биде променето името на репрезентацијата.

За новинарска агенција на Грција АНА-МПА, проблем беа македонските коментатори. Во нивната реакција стои дека „’МРТ’ се финансира директно од државниот буџет на Северна Македонија (не од реципрочен надоместок) и затоа, според Договорот од Преспа, тој мора да го користи официјалното име на земјата, при преносот на натпреварот тие го стори токму спротивното. Двајцата коментатори на натпреварот постојано зборуваа за ‘националноста на Македонија’ и ја нарекуваа земјата ‘Македонија’“.

Според агенцијата за македонската репрезентација не играат македонски репрезентативци туку „државјани на Северна Македонија“, согласно ова бараат така да бидат нарекувани нашите фудбалери.

За ваквите реакции досега се немаат огласено македонските власти, ниту пак Никола Димитров, потписникот на квислиншкиот Преспански договор.