ООН ќе ги истражува израелските воени злосторства

Повеќе од 240 Палестинци, вклучувајќи 59 деца, ги загубија животите како резултат на израелските воени напади. И покрај повиците од самиот почеток за ставање крај на насилството, непријателствата продолжуваат, додека конфликтот не може да биде разрешен целосно.

Највисокото тело за човекови права на ООН во четвртокот донесе резолуција за истражување на воени злосторства што може да се извршени за време на израелско-палестинскиот конфликт во Газа овој месец.

Гласањето следеше откако шефицата за права на ООН, Мишел Башелет изјави дека израелските напади и активности против палестинските сили потенцијално се воени злосторства. Советот за човекови права на ООН ја донесе резолуцијата со 24 гласови за, 9 против и 14 воздржани. Меѓу државите кои гласаа За резолуцијата се Русија и НР Кина

Заменик-генералниот секретар на ООН за политички прашања Розмари Ди Карло, говорејќи на форумот за палестинското прашање, рече дека:

„Сегашната ескалација стана ‘трагичен потсетник’ за потребата еднаш и засекогаш да се запре израелско-палестинскиот конфликт“.

Ди Карло изрази благодарност до оние држави кои „ги засилија дипломатските напори насочени кон оддалечување на страните катастрофа. Меѓународната заедница мора да стори се што е во нејзина моќ за веднаш да ја деескалира ситуацијата, да ги убеди страните да ги прекинат непријателствата и да најдат начин да преговараат“, рече таа.

Според заменик генералниот секретар, единствениот начин да се стави крај на овој конфликт еднаш и засекогаш е преку политички мировен процес. „Во негово отсуство, за жал, повторно и повторно ќе станеме сведоци на нови изливи на напнатост и очај“ – предупреди претставникот на ООН. „Луѓето од двете страни заслужуваат повеќе.

Групата специјални известувачи на ООН за човекови права изјавија дека:

„Двете страни мораат строго да се придржуваат до своите обврски согласно меѓународното право, особено оние што се однесуваат на принципот на пропорционалност и неопходност“.

Според нив, постапките и на Израел и на палестинските вооружени групи треба да бидат предмет на истрага од Меѓународниот кривичен суд.

Станува збор за израелско гранатирање на густо населените области на појасот Газа, каде што бројот на цивилни жртви расте секој ден. Бранителите на човековите права, исто така, обвинија за вооружени групи во Газа дека не заштитиле цивили под нивна контрола.

Независните експерти ја истакнаа одговорноста на Израел, како држава окупатор, дека е должна да обезбеди проток на хуманитарна помош, вклучувајќи храна, гориво и медицински материјали, кои непречено ќе се доставуваат до Газа.

Појасот Газа е во услови на израелска блокада веќе 14 години, што ООН го смета за „колективна казна“, што е забрането со Четвртата Женевска конвенција.