Декретот на Бајден не е изненадување – САД знае само за насилство

Став на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.


После Бајденовово јављение, клеветиве на либтардиве северни (со предзнак на „анти-западни“) не се ништо друго, туку уште една нивна лага во обид на амортизирање на масовниот гнев, кој секој ден врие, како да само што не пукнал. Имено, лага од типот како оваа нивна од кампањата за Референдумот, кој впрочем и покрај ваквите манипулации, сепак народот увиде дека тоа е срамно потценување и не излезе на референдумот, истиот беше неуспешен и одлука не се донесе.

Оттука, одбивањето на Преспанскиот договор воопшто нема потреба да се гледа од идеолошко-вредносна перспектива. Едноставно е, тој е спротивен на народната волја, а таа е света во демократијата – нели, либерали? Реалноста е таа, жалам, изгубивте. Договорот го наметнавте со сила и сега вие самите не може да го издржите тоа, па потребно е „рамо“ од вашите господари. Затоа декретот на Бајден не е воопшто изненадување де, тие (САД) не ни знаеле ништо друго, освен насилство – во било која форма.

А што се однесува за Охридскиот рамковен договор, искрено мене, а верувам и на цела моја генерација и сите после неа, односно на младите луѓе во Македонија не ги интересираат околностите во кои бил донесен, или пак, најмалку им е гајле за тоа какви дилови и пазари сте направиле со нашата иднина тогаш. После толку години, ние се фокусираме на резултатот, на реалноста, а таа е дека Македонија, по сите нејзини системско-политички постулати е тотална спротивност од западна Европа (што, нити политичко-идеолошки, ниту институционално, ниту традиционално, ниту пак религиско-философски не е исто што и САД, односно Северна Америка).

Јас стварно не знам, толку ли сте малоумни та целата геостратешка позиција ви-за-ви Европа да ја изедначите со односот кон САД?! Дај чукнете ги тоа главите, одеднаш сега Боцевски ли ви стана авторитет, па него ќе го слушате?! До вчера куртони му фрлавте ебаго – остајте го Боцето, бар него го знаете, тој сега само си бара работа и секоја можност за јавно обраќање ја користи за усно рецитирање на мотивационото писмо! Утре САД ќе им текне за економската криза во која се наоѓаат да ги обвинат Кина или Русија или било која поголема европска држава, вие да не планирате да се пријавувате како доброволци?!

Да се вратам на Рамковниот; реално, тој ја парализираше државава и ја направи тотално нефункционална. Наивните ќе кажат дека договорот бил добар само што ДУИ го злоупотребила (добар ден!). Но, не треба да си нешто многу паметен за да антиципираш дека таков договор, во такви околности и при такви прилики неминовно ќе доведе до ваков резултат, па дури и претседател на ДУИ да беше Исмаил Кадаре, наместо Али Ахмети!

Тоа што се обидувате да нè фарбате, па и после одредена граница – кога не ви проаѓа – дури и да нè заплашувате со вашите „права“ кои сте ги нарекле уште и „колективни“, тоа веќе не иде така. Па, за какви колективни права зборувате вие, господа отмени?

– Додека ние сме потиснувани во ќошињата на заедницава, за вас ексклузивно да се обезбеди работно место во државна служба, само заради тоа што сте Албанци?! Па дај, ова е про-западно? Ова може да биде само про-ретардирано!

– За отворање на универзитети на „мајчин јазик“ со кои ќе делите дипломи, за после истите тие да ги напикате во државна служба!?

– Извини, какво мајка му е тоа колективно право да не може да се формира влада без албанска партија?! Што тоа значи да се биде Албанец, да не е нешто налик израелскиот народ, само што тука не за славата на Јахве, туку за славата на Демократијата?!

– За тоа да деловите каде живеат претежно Албанци бидат оставени да се „развиваат“ како периферна касаба на рано-капиталистички град?! Населени места каде не се знае ни ред, ни поредок, ни паркинг, ни пошта, ни обврска – ни срам ни перде. За раат, осет и почит за различниот од доминантната култура подобро и да не се зборува, оти ме јаде туѓа срамота.

– Понатаму, зарем и територијалната поделба ќе ја запишеме за колективно право на албанската етничка заедница?! Постоечката административна поделба на Македонија на западните школи е прв и најилустративен пример за тоа како не треба тоа да се прави!

– Па вие дури и изборниот модел го присвоивте за колективно право, ебаго! Нормално, не ви се паѓа од власт додека не поделите државјанства на цело Косово, па после да биде изговор за понатамошна дезинтеграција.

Вакви и слични племенски права друштво, не само што вие не ги оправдавте низ минативе години, туку, преку истите нанесовте огромна неправда на сите – испаѓа дека колективните права се поединечна неправда за секого! Затоа, ние ги предизвикуваме ваквите неправди и доколку ја добиеме поддршката од мнозинството, не отстапуваме нити милиметар назад, а доколку пак се вратиме чекор назад, тоа ќе биде само за силно да напрегнеме пред скокот напред!