Дури и Саудиска Арабија побара стишување на звучниците на џамиите

Министерот за исламски работи на најголемата муслиманска држава во светот, даде наредба за стишување заради бројните поплаки на граѓаните (сите до еден муслиман) за прегласните звучници на џамиите.

Самата одлука на министерот е прилично либерална, бидејќи не пропишува максимален број на децибели на галама, туку одредува дека звучниците смеат да бидат пушени на една третина од нивниот максимум

Делот во кој одлуката е построга, е што таа го дозволува користењето на звучници само за повикување на молитва, а не за пренесување на целата проповед.

Објаснувајќи дека Саудијците се жалат дека гласните звучници ги вознемируваат децата и возрасните, министерот Албдулатиф ал-Шеик порачува:

„Тие што сакаат да се молат не треба да го чекаат повикот за молитва од имамот. Тие претходно треба да се веќе во џамија.“

Министерот дополнил дека неколку телевизиски канали пренесуваат молитви и рецитирањето на Куранот, заради што гласните звучниците имаат многу ограничена намена.

Извор: off.net.mk