Зелените либерали се противат на отворање на Универзитетот Фудан во Будимпешта

На почетокот на мај, Унгарија потпиша договор за отворање на кампус на кинескиот Универзитет Фудан, во Будимпешта, кој би бил и првиот кампус на кинески универзитет во Европската унија. Универзитетот кој се очекува да биде отворен до 2024 ќе нуди студии за 6000-8000 унгарски, кинески и други студенти од регионот. Се очекува да го зголеми и бројот на кинески инвестиции, како и да ја развие научната соработка помеѓу Кина, целиот регион на Европа. 

Кампусот во Будимпешта ќе се состои од четири факултети – за економски, општествени науки, медицина и инженерство. Ќе вработува 500 професори, а ќе промовира и заеднички истражувања и образовни проекти со други регионални и европски универзитети. Предностите на отворањето на светски реномираниот Универзитет во Будимпешта се очигледни – тој би придонел кон зголемување на можностите за студентите од регионот, кои моментално немаат пристап до квалитетно образование. Воедно, би придонел и кон зголемување на квалитетот на образованието, науката и развојот во регионот. 

Токму поради овие причини сега постои организиран отпор против отворање на Универзитетот. Во Будимпешта беа организирани и протести со цел минирање на проектот. Покрај тоа,  градоначалникот на Будимпешта нареди во областа каде треба да се гради кампусот да бидат преименувани улиците, како на пример во „Улица Слободен Хонг Конг“ , што е груба провокација насочена кон Н.Р. Кина. 

Карашони, градоначалникот на Будимпешта доаѓа од неолибералната партија „Дијалог за Унгарија“, а претходно бил член и на Зелената партија на Унгарија. И двете партии навидум ставаат фокус на таканаречената „зелена агенда“, што пак само ја потврдува нејзината улога како најновиот целофан за пакување на западниот империјализам и неговата пропаганда за контрола и доминација.

Сепак, повеќе од очигледно е дека градоначалникот овој случај го користи за зголемување на своето влијание и со изговор од „закана на Кина“ се обидува да ја оспори и оцрни моменталната легално избрана владејачка администрација на Унгарија само поради тоа што одржува добри односи со Кина. 

Инаку, Универзитетот Фудан е рангиран на 34-то место според ранг листата на Светски универзитети рангирана според британската компанија QS (Quacquarelli Symonds), исто така тој важи за една од најпрестижните образовни институции во Кина.