(Видео) Крмов: Преговорите со ЕУ се наметнат фокус за оправдување на капитулантскиот Преспански договор

Дел од гостувањето на пратеникот Борислав Крмов, во вечерашното издание на „Само Вистина“, во врска со денешната изјава на бугарскиот претседател, Румен Радев и изјавата на македонскиот претседател, Стево Пендаровски во однос на т.н. „пронаоѓање на решение меѓу Македонија и Бугарија за одблокирање на преговорите со ЕУ за Македонија“.


„Македонската власт продолжува со сервилната политика – дека други треба да ни’ ја завршат работата, чекаме надворешниот притисок да се стави на Бугарија, додека од друга страна, гледаме дека Бугарија цврсто си стои на своите ставови. Сепак, кај нас и да се случи почеток на преговори во јуни – материјално ништо нема да се смени! Единствено, целта е – капитулацијата која што се створи со Преспански договор, некако да се оправда, па затоа се наметнува тој фокус на преговори со ЕУ!” , кажа Борислав Крмов, пратеник од Левица во вечерашното гостување во „Само Вистина” на Канал 5.