Каде се сега самопрогласените чувари на демократијата?

Статус на Senad Arslan за бомбардирањето на Палестина од страна на Израел

Каде се сега самопрогласените чувари на демократијата, човековите права и слободи, да воведат санкции против ционистичкиот режим за прекумерната употреба на сила, убивањето на палестинците и сквернавењето на еден од најсветите исламски храмови, џамијата Ал Акса и тоа токму во светиот муслимански месец. Каде се борците за човекови права од Брисел, Берлин, Париз, Лондон, Вашингтон како и сите нивни приколици вклучувајќи го и Скопје да воведат блокади и да го заштитат тамошното население кое е оставено на милост и немилост на еврејската држава.Каде е НАТО, самопрогласениот чувар на демократските вредности, “хуманитарно” да интервенира, исто онака како што интервенираше на екс југословенските простори, исто онака како што ја штити Украина од “малигното” руско влијание. Сите пропагандни мегафони можат да го тупат со бајки за демократија, човекови права и слободи, но по којзнае кој пат се потврдува лицемерието на САД, Германија, Франција, Британија и нивните сателити.
Фашистичкиот режим во Тел Авив е потполно под заштита на целиот (не)цивилизиран Запад.
Молчењето или декларативното реагирање на случувањата во Источен Ерусалим не е ништо друго, туку активно соучество на меѓународната заедница во злоделата и геноцидот кој Израел веќе 7 децении го врши над Палестинците.