Поразително, Македонија на дното на регионалната листа за вакцинација

Само две држави се зад нас на листата од 12 балкански држави според бројот и процентот на вакцинирани.

Сериозни поместувања не можат да направат ниту кинеските вакцини кои што дојдоа вчера затоа што во меѓувреме и другите земји во регионот набавуваат вакцини и го имунизираат своето население.

Зад нас во моментов се само Косово и Босна и Херцеговина, земји кои не се ниту членка на НАТО ниту наксоро ќе добијат можност за преговори со ЕУ.

Пред нас е Црна Гора која има ист број аплицирани вакцини а има три пати помалку жители.

Листата ја објавува софтвер инжинерот Стеван Трајковски.