Честитка од руската амбасада за Денот на македонскиот јазик

Денес од амбасадата на Русија на својот фејсбук профил објавија честитка по повод Денот на македонскиот јазик.


Денеска се одбележува Денот на македонскиот јазик! Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот јазик. Историјата на современата македонистика во нашата земја започна уште од 1948 година. А во 1975 година македонскиот јазик за прв пат е воведен како специјалистички студии во рускиот универзитет «Ломоносов» во Москва.

Денес географијата за изучување на македонскиот јазик и култура во Русија ги вклучува не само Москва, туку и Санкт Петербург, Воронеж и Перм. А руските македонисти, како Самуил Бернштејн, Рина Усикова и други, се светски познати за нивниот значителен придонес во промовирање на македонскиот литературен јазик!

Денеска се одбележува Денот на #македонскиот јазик! Русија има многу длабоки традиции на изучувањето на македонскиот…

Posted by Посольство России в Северной Македонии/Амбасада на Русија во Сев.Македонија on Wednesday, May 5, 2021