Левица поднесе предлог-закон за драстично намалување на патните трошоци на пратениците

Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до собранискиот спикер поднесоа Предлог-закон за изменување на Законот за пратениците, во делот на патните трошоци.

Со законот, се предлага четирикратно намалување на досегашните патни трошоци (од 20% на 5% од продажната цена на литар гориво за изминат километар) – што, практично, значи дека патните трошоци се сведуваат реалната цена на чинење на патен билет во меѓуградски превоз.

„Овој предлог-закон е плод на широка компаративно-правна анализа на регулативите на земјите од ЕУ и Западен Балкан која, во изминативе неколку месеци, ја спроведе нашиот тим, а од која само ни се потврди ноторниот факт дека Република Македонија, за еден мандатен период на Собранието, е рекордер во Југоисточна Европа по потрошените јавни пари за патни трошоци на парламентарците“, се вели во соопштението на партијата.


ЛЕВИЦА ПОДНЕСЕ ПРЕДЛОГ-ЗАКОН ЗА ДРАСТИЧНО НАМАЛУВАЊЕ НА ПАТНИТЕ ТРОШОЦИ НА ПРАТЕНИЦИТЕ Пратениците на Левица, Димитар…

Posted by Левица on Wednesday, April 28, 2021