Распеани Скопјани еволуираа во анонимни хонорарци

Истражувајќи што исплаќа Владата, БИРН преку Барање за слободен пристап до информации од јавен карактер ги доби сите фактури што биле исплатени преку авторската агенција „Артпицк“ за декември 2020 под ставката други договорни услуги. Во нивното истражување беше откриено дека Владата со над 250 вработени во Генералниот секретаријат, дополнително лани во декември ангажирала 58 луѓе, ама за разлика од вработените што се наведени со име и презиме, овие хонорарци се скриени и Владата инсистира тие да останат анонимни.

Станува збор за хонорари, кои вкупно за еден месец изнесуваат над 37 илјади евра. Во нив спаѓаат ангажмани како: пишувач на соопштенија од пресови, пишувачи на разни студии, организатор на продукција, советник за борба против ковид-19, графички дизајнер, монтажер, советник за геодезија, советник за европски интеграции, преведувачи… Ваквите скапи пиар услуги на Владата следат за време на најголемата здравствена и економска криза со која се соочила државата, кога над 50.000 работници ги изгубија своите работни места.






УПАТСТВО – Како се станува таен хонорарец во Влада: Кога Заев се вози со хеликоптер, ти спореди го со Грујо и…

Posted by Иљче Затаракоски on Tuesday, 6 April 2021