Гази Баба организира презентација на контроверзен ДУП под рестриктивни мерки – предвидува и депонирање на отпад

Денес општина Гази Баба организира презентација за ДУП-овите за блок 2,3 и 4 од С 1, иако вчера Владата донесе одлука за забрана за организирање конференции и семинари. Дел од жителите стравуваат дека со новите ДУП-ови се предвидува тешка загадувачка индустрија во една од најзагадените општини во Скопје.

После интензивна расправа од страна на координаторката на Секторот за урбанизам, Благица Блажевска со присутните граѓани и активисти, расправата беше прекината. Загрижени граѓани започнаа и онлајн петиција за спречување на усвојувањето на овие ДУП-ови, каде се наведува дека „согласно ГУП на Град Скопје основната намена е Г-производство, тешка и лесна индустрија. „За да е пострашна приказната, стои во петицијата, во линија над комплексот ф-ка Железара во исто време се води постапка за три урбанистички проекти со намена Е 3.1 – постројки за термички, физичко – хемиски и хемиски третман на неопасен отпад.”

За случајот реагираа и од политичката партија Левица, од каде наведоа дека наместо отварање на нови загадувачи, градоначалникот Георгиевски треба да го испочитува ветувањето за гасификација на општината, со што значително ќе се намали аерозагадувањето.

Во време на пандемија со катастрофални последици, пред сѐ заради неспособноста на здравствените власти, Министерство за…

Posted by Левица – Гази Баба on Tuesday, 6 April 2021