Крмов: Сите неправилности од 2011 година сега се ставени во Методологијата за попис

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов во своето гостување на ТВ Стар изнесе дека сите барања за неправилности од страна на албанските партии, поради кој бешњ одложен пописот во 2011 година, сега се внесени во Методологијата.


,,Статистичка операција значи “колку сме-толку сме”. Ако сме “колку сме-толку сме” не може вие да викате “ако не ми излезе есапот јас нема да го признаам”. И сега ако Левица не сака да го признае – Левица е кабает, ако Левица сака да сопре ваков криминален процес – Левица е крива?

Ако се вратите во 2011 и ги читате тие извештаи а ги имаше во “бомбите” зошто тој попис е прекинат. Сега сите тие неправилности се ставени во Законот и Методологијата. 

Тогаш сакале да попишуваат луѓе само со матичен – заради тоа било проблем, сакале да попишуваат со лични документи во трето име, да прават податоци на трето лице преку Скајп, преку Вибер, преку не знам што… и се прекина затоа што тоа не се стандарди, никаде во светот го нема тоа! Значи тоа е единствена држава во светот и сега сето тоа е вметнато во Законот и во Методологијата за на некој начин СДСМ да добие зелено светло од ДУИ.

И каде ќе идеме со тоа?

Или ќе правиме попис како што треба или подобро да не го правиме!”