(Видео) Апасиев: Ако не успее Собранието, Уставен суд ќе го одложи пописот со поништување на самиот Закон

Изјава на пратеникот и претседател на Левица, Димитар Апасиев, по повод начинот на одложување на пописот.


Апасиев: „Има две варијанти за одложување на пописот, или тоа да го стори Собранието, кадешто не би можело да има блокада, бидејќи би одел со „европско знаменце“ за два до три дена. Во случај да не може тоа да се постигне, мислам дека ќе се оди преку Уставниот суд, односно со постапување по Иницијативата на Левица – поништување на Законот за попис, или негово укинување со времена мерка мораториум – ставање вон сила.“