Пара-пописна структура на ДУИ форсира попис, Апостол молчи

Со ваква поставеност на политичките и општествените консталации не ни е чудно што ДУИ има освен заменик директор на заводот за статистика и Локални Шерифи, а богами и верски објекти кои ќе ви помогнат во спроведување на “статистичка операција”. Неколку медиуми го објавија статусот на градоначалничката Теута Арифи, каде експлицитно се истакнати поединци и организации кои “помагаат” на Апостол и ДЗС.

Mërgata Sot 143.755+ ❤️❤️❤️ Vazhdojmë 🦅 Regjistrohu: 🔽🔽🔽🔽 https://census.stat.gov.mk 🇨🇭Zvicër: Egzon Azizi (Bern)…

Posted by Teuta Arifi on Thursday, March 25, 2021

Градоначалничката на Тетово објавува имиња на луѓе и организации и ги повикува Албанците во дијаспората да ги контактираат за да се попишат на пописот.

Меѓу контактите кои ги објавува Арифи сите се Албанци а меѓу нови има и верски објекти – џамии.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски пред два дена изјави дека ДЗС не ги ангажирала овие луѓе и организации. Симовски молчи за мешање на партиски структури во операцијата која ја водат државни институции и досега нема ни кривични ни прекршочни пријави, додека од Влада изјавија дека ги поздравуваат сите акции за спроведување успешен попис, вклучително и на странски премиери и претседатели.