Ристов – одлагање на попис без нов Закон по стандарди значи официјализирање на широка предавничка коалиција

Во средата, претседателот на Левица, Димитар Апасиев, во гостување во Канал 5 кое беше прекинато под „мистериозни околности“ ги образложи сите аргументи против одржувањето на Пописот и потребата за граѓанска непослушност за тој да биде прекинат и поништен. Воедно, покрај здравствените причини за одложување, тој ги образложи и аргументите кои произлегуваат од катастрофалниот Закон за попис, кој содржи многубројни канали преку кои Пописот ќе може да биде штелуван. Ден потоа, Зоран Заев најави дека е договорена средба помеѓу него и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мискоцки, во понеделник во 13:00 часот во Клубот на пратеници. Се очекува на средбата да се разговара за Пописот. Го пренесуваме коментарот на Бранко Ристов – член на Президиумот на Левица, во врска со овие случувања.

„Ако договорат одлагање на пописот од 3 месеци или нешто слично ситно без адресирање на бројните неправилности во законот…Комотно нека назначат по некој министер од ДПМНЕ. Секако ќе значи официјализирање на широка предавничка коалиција а и онака СДСМ се слаби со кадар,“ напиша Ристов.