Исмаил: Бојкотот на пописот не е само здравствена претпазливост туку и политички акт

Став на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.


Да сумираме за ПОПИСОТ за да незнајковците не прават знаења ширејќи ја точката:

Платените ботовите на одредени политички структури веќе почнуваат да спремаат терен каде, за резултатите од пописот, нивните „работодавачи“ официјално ќе пробаат да ја истресат прашината од своите раменици преку тоа што, за истите такви резултати како и последиците од нив што ќе следат, ќе ги обвинат „бојкотирачите“. Оттука, се надевам дека на јавноста им е повеќе од јасно дека бојкотирањето на пописот НЕ Е само здравствена предострожност, туку тоа е политички акт!

Што би рекол мојот брат по невера Апасиев, КВАКАТА е во следново: Како и сите досегашни политики кои ја разбија Македонија како држава (Променети симболи, Преспански, Приватизација, Денационализација, Рамковен, Територијална поделба и сл.) вклучително и разбивањето на националната култура на македонскиот народ како нејзин демос, не само што беа поддржани од меЏународната – олицетворена во божествата на ЕУ и воениот сојуз НАТО – туку ваквите политики беа и планирани како и наметнати токму од нејзе.

Па ништо поразлична, односно, идентична е состојбата и со овој ФЕЈКЕРСКИ ПОПИС, кој е уште една нивна главна агенда во Македонија во овој момент. Овие политички структури, за мене од необјасниви и до крај несфатливи причини, никако не можат да ја препознаат состојбата на разединување помеѓу интересите на македонскиот народ од една страна, и агендата на меЏународната од друга страна.

Оттука, секогаш кога ваквите политики се спроведуваат, овие структури како да се под заветот на молк како оној на Јов пред неговиот господар. Но драги мои, молчењето на Јов беше долг кон неговиот господар, а што ли вие им должите на овие ЕУро-Атлантски божества…?!