Бучковски го плаќаме 60.000 денари месечно за да молчи пред Захариева

Хонорарот на специјалниот претставник со Бугарија – Владо Бучковски изнесува 60.000 денари месечно, односно 720.000 денари годишно, плус трошоци за службени патувања. Бучковски ниту еднаш не изреагирал на навредите кои доаѓаат од официјална Бугарија, дури и кога на заедничка прес-конференција министерката Захариева изјави дека „нивните грижи потекнуваат од бескрајните тврдења за македонско малцинство во Бугарија и дека признавањето на бугарските корени ќе му стави крај на тоа“.

Дополнително, вчера Захариева за германскиот „The European“ магазин изјави дека македонската власт мора да го испорача она што го ветила при потпишување на Договорот за добрососедство.” Oдносно, дека посебниот македонски идентитет кој се одвоил од бугарскиот е формиран само во минатиот век од АСНОМ во 1944 година, па до денес. Таа потенцира дека Бугарија не признава друг македонски идентитет.

Исполнување на ветеното за менување на учебниците по историја во Македонија е уште една работа на која укажува Захариева во својот напис и бара тоа што се договорило да се исполни, а меѓу другото да се избрише се што ја навредува Бугарија. Ова уште повеќе ги засилува сомнежите дека контроверзната концепција на министерката Царовска е токму остварување на ветеното пред бугарската страна.

Останува да видиме дали „специјалниот претставник за молчење” пред Захариева ќе го испорача ветеното за хонорар од 1000 евра месечно.