Левица: Богдановиќ користи гужва пред крајот на мандатот за уште неколку „бонбона” бизниси

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Центар

„Случајност или не, токму пред завршетокот на мандатот на градиначаникот Саша Богдановиќ, уставен суд го укина мораториумот за градежни активности во Центар. За само два месеци се поднесени повеќе од 200 барања за извод од урбанистички план.

Општината заборава дека квалитетот на животот на жителите секогаш треба да биде на прво место, а не профитот на поединци. Само за пример, Владимир Стајиќ, финансиер на СДСМ, преку ноќ станал сопственик на атрактивно земјиште близу МВР, а градоначалникот на Центар, експресно го легализирал истото, на кое сега веќе со новата олеснителна околност, без проблем и таму ќе може да порасне уште една нова зграда, која дополнително ќе го скрати дишењето на Центар и центарци.

Од општина Центар имаше потврда за медиумите дека барања за изводи биле поднесени и за земјиштата кај ,,Треска” и кај ,,Холидеј Ин”. Дали целта на владејачката партија е преку Богдановиќ, точно пред залезот на неговиот мандат, набрзина да реализира уште неколку ,,бонбонабизниси узурпирајќи ги и последните надежи на центарци за парче зелена површина!?

Левица нема да дозволи Центар да биде само уште една колатерална штета на ,„бонбона“ бизнисите на СДСМ. Најостро го осудуваме ваквиот криминален чин и не застануваме со жестокото борење против ваквите криминали, кои им се добро познати на центарци.”


БОГДАНОВИЌ КОРИСТИ ГУЖВА ПРЕД КРАЈОТ НА МАНДАТОТ ЗА УШТЕ НЕКОЛКУ „БОНБОНА“ БИЗНИСИ Случајност или не, токму пред…

Posted by Левица – Центар on Monday, March 8, 2021