,,Овде во Воден не знаеме друг јазик освен македонски”


Изјава на Македонец од Воден, 6 јуни 1934 година објавена во тогашниот весник „ΡΙΖΟΣΠΑΣΤΗΣ” на 10 Јуни, 1934, стр 3 ;

„Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде што ние МАКЕДОНЦИТЕ не знаеме друг ЈАЗИК освен нашиот МАКЕДОНСКИ, разните органи на грчкиот капитализам не принудуваат да зборуваме на грчки јазик, а да не го зборуваме нашиот јазик… Освен тоа, не лишуваат од слободата што ја добиле нашите татковци по долгогодишна борба, гинејќи за ослободувањето на Македонија… Во основните училишта секојдневно ги тепаат малите деца кои го зборуваат својот јазик. Особено тука во Воден, послушникот и фашист Георгиадис ги тепа децата ако зборуваат на македонски јазик, ако ги завиткаат тетратките во црвена хартија или ако користат црвено мастило или црвени бои… На тие органи на капитализмот Македонците им изјавуваат дека ништо не може да ги уплаши и дека ќе ја продолжат својата борба сè додека не го остварат своето полно ослободување.”


Објавен пост на фејсбук страницата “Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia

Македонец од Воден, 6 јуни 1934 година; „Воден. – Овде во Воден и во нашата околија, во срцето на Македонија, овде каде…

Posted by Егејскиот дел на Македонија – Aegean part of Macedonia on Wednesday, February 17, 2021