Левица: Регионалната депонија во општина Свети Николе во завршна фаза
Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Свети Николе
„На 64-та седница на советот на општина Свети Николе со 9 гласа ЗА беше донесена Одлука „За основање на заедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад“.
Со оваа одлука практично се влегува во последната фаза од одлуката за градење на регионална депонија во општина Свети Николе во која ќе се собира отпадот од дури 18 општини.
Потсетуваме овој проект беше започнат за времето на мандатот на градоначалникот Зоран Тасев од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, додека нејзината реализација се случува денес кога градоначалник на општината е Сашо Велковски од редовите на СДСМ.
Одлуката за градење на регионална депонија беше донесена без претходна консултација со граѓаните од општината и спротивно на нивната воља!
ЛО – Левица, Свети Николе смета дека со овие одлуки, советниците демонстрираат целосно некозистентно однесување, одработуваат единствено за интересите на сопствената политичка партија не земајќи ги во предвид интересот на општината и вољата на граѓаните.“
Регионалната депонија во општина Свети Николе во завршна фаза!!! На 64-та седница на советот на општина Свети Николе со…
Posted by Левица – Свети Николе on Sunday, February 28, 2021