Проф. Цуцуловски: Левицата освен што се бори за социјална правда се бори и за национална слобода и правда!

Професорот Љубомир Цуцуловски во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, прашан за „феноменот политичката партија Левица„ иако изнесе мали и ненамерни дезинформации во однос на генезата на настанување на партијата – затоа што таа произлезе од ДСП Ленка, а не од Солидарност – сепак понатаму во излагањето школски ја разбива и ја демистифицира  пропагандата на либералите за позициите на Левица во однос на националното прашање!

Меѓу другото, Професорот Цуцуловски подвлече дека левичарството и патриотизмот воопшто не се во колизија, напротив многу македонски револуционери, вклучително и Гоце Делчев, припаѓале на левицата, како што исто и оние кои Втората светска војна се бореа во НОБ освен што се бореа за социјална правда – тие се бореа и за национална правда а сите тие беа лево ориентирани, односно комунисти. Левата ориентираност воопшто не доаѓа во колизија со национализмот, сфатен како патриотизам или родољубие. Според тоа, вештачки е направена таа наводна неспосоивост помеѓу националната определба и левичарската определба.