„И покрај ветувањата за санација на мостот кај Башино село, секоја досегашна власт освен ветување не превземала ништо со цел овој мост да биде безбеден за користење.
Последен во низата е Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски од СДСМ, кој пред пет месеци вети итно преземање на неопходни мерки за справување со овој проблем.И покрај укажувањата на експертите од Заводот за испитување на материјали и на Градежниот факултет од Скопје, дека овој мост итно треба да се санира поради напукнати столбови и сериозно оштетување на арматурата од корозија, не е превземено ништо за справување со овој проблем.
Исто така, експертите препорачуваат дека овој мост не треба да го користат камиони со носивост од 40 тони и брзината на движење по овој мост да биде ограничена на 20 километри на час, но по овој мост секојдневно поминуваат стотина тешки товарни возила и брзината на ограничување е 40 километри на час. Велешани заслужуваат искрени политичари што чесно ќе си ја работат својата работа и ќе ги реализираат ветените проекти, а не празни зборови!” – се наведува во реакцијата на Локалниот огранок на Левица од Велес.
МОСТОТ КАЈ БАШИНО СЕЛО Е ПРЕД РАСПАД – ПОЛИТИЧАРИТЕ СО ПРАЗНИ ВЕТУВАЊА ПРЕД СЕКОИ ИЗБОРИ И покрај ветувањата за…
Posted by Левица – Велес on Wednesday, 3 February 2021