Кој ги факт-чекира факт-чекерите?

Статус на Јована Мојсоска – член на Президиумот на Левица.


Страната на единствениот ‘факт-чекер’ во Македонија – Вистиномер речиси и да нема разлика од сајт на СДСМ со презентација колку владини проекти од програмата реализирале во мандатот.

Дека ситуацијата не е за потценување е фактот дека власта на прес-конференција најави засилена “борба против лажните вести од независни (?) факт-чекери”. Вистиномер има ексклузивно право (со амин од државата) да бриши вести, банира фб страни и намалува видливост на објави на социјални мрежи.

Прашањето е: кој ги факт-чекира факт-чекерите? Кој врши контрола дека нема да дојде до злоупотреба на дискреционото право да цензурираат под изговор за заштита на демократијата? И од каде влечи легитимитет оваа организација да ја толкува мислата, сарказмот и цинизмот на социјални мрежи – каде го презентирале своето искуство, образование, лични заложби и визија за да бидат модерна полиција на мислата?

Ако единствениот легитимитет го влечат од режимот на власт, тогаш палењето на книгите ќе добие современа форма во новите факт-чекери на мислата.


КОЈ ГИ ФАКТ-ЧЕКИРА ФАКТ-ЧЕКЕРИТЕ? Страната на единствениот ‘факт-чекер’ во Македонија – Вистиномер речиси и да нема…

Posted by Јована Мојсоска on Tuesday, 5 January 2021