ЕУ и Кина постигнаа важен договор, САД бесни
Европската унија постигна нов сеопфатен инвестициски договор со Народна Република Кина. Според дипломатски извори, германската канцеларка Ангела Меркел одиграла пресудна улога во финализирањето на договорот помеѓу ЕУ и Кина, кој се преговараше и одлагаше повеќе од 7 години.
Договорот беше постигнат вчера (четврток) на виртуелен Самит на кој присуствуваа лидерите на Европската унија, Ангела Меркел, Емануел Макрон и Урсула вон дер Лејен, како и кинескиот претседател Си Џинпинг. Сеопфатниот договор беше опишан како „најамбициозниот договор кој Кина го има склучено било кога со трета држава“. Договорот ќе отвори неколку сектори во Кина за европски инвестиции, отворајќи го нивниот пристап до пазарот, а исто така го задржува уделот на Пекинг во Европа.
Само неколку часа откако беше постигнат договорот, САД воведе нови тарифи за европски производи. Договорот предизвика бура на бес во Вашингтон, бидејќи пропаднаа нивните обиди да ја минираат соработката помеѓу ЕУ и Кина, која во текот на цела 2020 година кулминираше со агресивна и лажна пропаганда против Кина.