Темата за рамковни вработени треба да вришти на сите медиуми!

Став на Реџеп Исмаил (Хактан) – член на Президиумот на Левица.


Она што одговорни медиуми, и кон професијата искрени и писмени новинари, треба да го актуелизираат како една од топ темите на нивните платформи е токму ова!

Имено, овој факт треба да вришти како тема по сите дебатни и слични емисии. Но, на овие емисии да се овозможи пристап на вистинските луѓе да го размотрат и разложат проблемот со што ќе ги соголат сите вмешани и одговорни (институции и функционери/пол.чинители) во очигледната системска хаварија, а не некакви си “независни” експерти, кои секој ден со Министерот пијат кафе и работат на проЏектите во НГО-секторот служејќи како ПР пропагандни машини на оној во чија корист (а на штета на сите) работи токму ваквата никако неоправдана логика на пол. систем.

Прашањата кои треба да се постават се клучни за градењето на наративот под кој би оперирала (евентуално) идната политичката расправа за корените (системско-бирократски) на трулиот ни систем и цело економско-политичко опкружување како негова последица.

– Што се тоа РАМКОВНИ ВРАБОТЕНИ?

– Кога, зошто и како се појави потребата од вработување? Кои беа целите и што требаше (или што сработија) да работат овие работноспособни граѓани? Доколку ништо, зошто и што не’ кошташе тоа сите нас?

– Од каде се обезбедени средствата за трошокот на овие вработувања, колку тој трошок изнесува вкупно а и колку изнесува опортунитетниот трошок од нивното џаболебарење.

– Која институција, одговорно лице, собраниски состав, комисија, суд…даде дозвола и врз основа на што, по чиј предлог? Кој од овие ентитети не антиципираше ваква последица, а според должноста (функционер) или смислата на нејзиното постоење (институција) требаше?

– Кој доби што и што изгубивме сите како заедница од ова?

– Што е погрешно а што правилно тука?

– Да не можеби има некои стигматизирани и табу констатации? Ако има зошто е тоа така…?

– Што треба да се превземе за да се санира штетата од сето тоа и да се спречи понатамошната хаврија од неа..


Она што одговорни медиуми, и кон професијата искрени и писмени новинари, треба да го актуелизираат како една од топ…

Posted by Реџеп Исмаил on Tuesday, 8 December 2020