Владата потроши 27 илјади евра на млеко и млечни производи

Служба за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија склучи два одделни договори во вкупна вредност од 27.199 евра за набавка на млеко и млечни производи.

Двата договори се потпишани со Друштво за сточарство,земјоделие и трговија ЃОРГИЕВИ ДООЕЛ на 09 ноември, а во име на Владата ги потпишува Пеце Мирчески.

Според договорите, владините службеници ќе конзумираат моцарела со единечна вредност без ДДВ од 715 денари/килограм, но и т.н. плаво сирење чија единечна цена за килограм изнесува 734,50 денари без ДДВ.

Ова не е прв пат СОЗР да потпишува големи договори за прехрана за потребите на Владата за време на пандемијата на коронавирусот. Во март за потребите на Владата биле склучени договори за месо во висина од 62.000 евра.